Не си го трошете златото, ќе ви треба

Day 1,157, 10:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Има многу начини како да си го фрлите златото, зошто да не го искористите на најдобар начин?
Сè што треба да направите е да бидете малку стрпливи. Чувајте го златото, не го трошете, кога ќе се соберат 20 златници ќе ви се исплати.



Кога ќе соберете 20 злато ќе си ги инвестирате во фирма. Купете си стара (можете комплетно да ја преуредите) или по ново за дваеска можете да си направите нова фирма. Ќе нема почетен влог.

Не се плашете од „злите“ работници, на почеток не ви ни требаат. Доволно е само вие да работите во фирмата. Всушност вие останете си вработени во друга фирма, а во својата работете како менаџер. не може во исто време да работите во својата фирма како работник и како менаџер

Работејќи како менаџер не добивате плата и трошите 10 енергија, ама од продажбата ќе имате повеќе од една плата. Се исплати, мноооогу се исплати. Што повеќе фирми, тоа подобро.

Така што, штедете за фирма!


Plainswalker