Тепање, особено за поновите

Day 1,134, 23:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Plainswalker

Откако сум во еСветов, главната тема е не се тепајте додека не стигнете до 15-то ниво, не работете со под 20 енергија и слични теми:



Не дека тоа не е точно, ТОЧНО Е, ама некој да кажеше што да прават новите. Да не се лажеме секој сака да удри и пред 15-то ниво. Јас на пример се изнамавав, а сега сум 14то. Постои начин како да се тепате и да убивате (нема поента ако не го дотепате противникот), а да не си го уништите здравјето и сопствениот развиток. Само погледнете ја поубаво сликата од туторијалот:



Примерот што е даден за дечкото Marius е токму тој што ви треба. Не напаѓајте кога противникот е зелен, само кога енергијата му е во црвено. Секој ден ќе најдете по некоја битка каде противникот од старт е во црвено. Таквите ќе ги убиете со еден, а најмногу два удари. И толку е, секој ден по некој додека не дојдете навистина на 15то ниво.

п.с. секогаш кога напредувате по Military rank ви се обновува целосно енергијата, па планирајте соодветно