Туторијал за користење бустери (засилувачи)

Day 1,094, 00:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Многумина веројатно се прашале, дали да употребам booster (засилувач) при работа или при тренинг. Веднаш да кажеме, бустерот при тренинг е лична одлука и влијае само врз вашата сила, т.е. го давате или не, зависно од вашата желба за напредок на бојното поле. Се дава и нема враќање. Економскиот бустер има свои економски бенефиции, па со добар договор со газдата, може да се договорите за вашиот побрз напредок. Да не нагаѓаме - да елаборираме, да се знае:
Факт број еден - Заилувачот е поефикасен ако работите со повеќе здравје:
Факт број два - Поисплатлив за повисоките степени на искуство. Искористеноста на бустерот е следнава:
Junior ефектите на бустерот се: 21% (за 50😵, 11% (за 100😵, (19% (за 200😵
Senior има ефекти од: 27%,14%, 24%
Expert има ефекти од: 46%, 25%, 42% и т.н.

Првиот заклучок е: АКО користите бустер немојте тоа да биде оној од 100% критично глушаво фрлање пари! Ефикасноста му е катастрофа. Најисплатлив е 50%, но реално, развојот и не е така прекрасен. Оној од 200% брзо го јаде златото, ама тера баеги добро работата.

Ефект врз парите, договор со газдата...


Значи, заради помалата исплатливост, НЕМА да дадам целосна елаборација, туку само за Expert. Имајте во предвид. Пониските нека си одземат отприлика 5% по левел, повисоките дека си додадат 5% по левел.

Значи:
Експертот со 50% бустер ГУБИ 0,106 злато (0,19 плаќа но изработува 0.084 повеќе). Значи, губи (сегашен курс на злато) 2,95 денари. Газдата во просечна фирма ќе добие само од бустирањето 2,48 денари. Значи АКО експертот се договори со газдата за плата поголема за 2 денари (на пример) бустерот ќе го плати малку - односно нецел денар. Ако е дарежлив газдата па ја зголеми платата за 2.95 денари - бустерот му е на работникот ЏАБЕ.
Заради погоренаведеното - 100% го прескокнуваме
Експертот со 200%, кратко и јасно: Изработува за газдата 11,78 денари вишок, го плаќа бустерот 16,5 денари, т.е. губи 4,8 денари. Се разбира, газдата треба да се „опрчи“ на плата 11,78 денари повеќе (што во овие услови НЕМА ШАНСИ), но договор куќа гради. Прашајте - и видете. Имајте во предвид дека губите 4,8 денари на ден, значи основната плата треба да ви биде баред 5,5 денари за воошпто да помислите на бустирање со 200%.

Хух... Се уморив од математика. Се надевам дека бев корисен....