Бесплатни кисели краставици

Day 1,093, 12:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

НЕ давам веќе леб, оружје и куќи џабе. Демоде постана.

Зошто не давам леб?
Е па лебот ќе поскапи (образложено овде: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1576558/1/20). Ќе биде околу 0.42 - некаде од задутре (утре ќе има мало завевање накај 0.4). Така и јас не давам...
Зошто не давам куќи?
Вака... Најефтината куќа, онаа што би ја дале на наградна сите организатори е 27.27 денари. Таа дава 6 здравје - 18 пати, т.е. дава 108 здравје или дава 54 леба (од по 2 здравје). 54 леба по 0.42 денари коштаат 22.68 денари, значи куќата е поскапа од лебот во својата намена - давање здравје (овде би дал забелешка, има компанија „Вила Македонија 25х“, која се исплаќа според пресметките). Значи куќата во нашта ни богата со камења Македонија - е скапа!
Зошто не давам оружје?
Од патриотски причини! Иако има дузина Македонски компании кои според поискусните - се зафркнале што отвориле компании за железо, сепак данокот на железото е драстично помал од царината. Додека е тоа така, не давам оружје...

Кој даде суб, да е жив и здрав. Кој не даде - и тој да е жи и здрав, „ако и само ако“ е патриот и борец за Македонија.
А да, насловот... Бесплатни кисели краставици ќе делам. Со ракиичка и друго мезе. На „свети Кирил и Методија“ - дома.