Како да ја подобриме позицијата на е-Македонија?

Day 1,083, 02:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Оние што се зафатија со играва, што почнаа да ги проверуваат и другите пазари често може да прокоментираат: „Преселете се во странство, направете пара!“ Зарем и во е-Македонија сме толку ташаци па не можеме да пронајдеме модус за подобра е-Македонија... Ќе дадам еден пример или поточно претпоставена секвенца на настани (не сум економист🙂
Македонската влада да предложи минимална плата од 5 денари. Фирмите нема никакви шанси да опстанат со оваа пазарна цена, па ќе се принудени да ги зголемат цените на своите производи. Ќе за земам храната за пример. Сега, видете на job market, ќе забележите дека просечната плата во индустијата за храна е околу 2.7 денари. Ако производителот мора да даде 5 денари плата, за да опстане, ќе мора да ја подигне цената на храната - јас би рекол дека ќе се дојде во ситуација лебот (+2) да дојде до 0.7 денари. Но овие 0.7 денари за некој кој зема 5 денари плата - нема да се големи (слично како сега - плата од 2,5 денари, лебче од 0.35, ова е дупла плат, дупла цена на леб). Кој е бенефитот овде, личи како претурање шупливо во празно. Бенефитот е двоен.
Прво, количината на заработени денари на играчот ќе е двојно поголема. Тие денари ќе се претворат во злато, а тоа ќе е двојно повеќе злато (ако денес разликата на заработено и потрошено за леб е денар, тогаш би било два денари).
Второ, фирмите ќе имаат поголем профит. Цената на материјалите за изработка од увоз ќе остане иста. Значи и фирмите ќе имаат подобар бенефит, и со тоа ќе генерираат повеќе злато за понатамошни инвестиции...

Сега да видиме зошто треба да се избере внимателно оваа минимална плата... Просто, погорното изгледа ептен супер. Ќе рече некој:„Ајде ние да ставиме 20 денари минимална плата и така да добиеме 8 пати поголем приход“... Не е баш така едноставно. Ако се оди со таков рапиден скок на платите и цените, овде ќе се населат едно 300 странски фирми (привлечени од големата заработка) кои ќе вршат одлив на македонското злато. Значи оваа мерка би била меч две острици. Затоа, Владата треба активно да ја зголемува минималната плата, во чекори... Кога ќе се донесува нова минимална плата, сите весници да го соопштат тоа, за да не дојде фирма во позиција да не може да се прехрани, односно да оди во стечај. Министерството за економија треба да биде подготвено при ваква мерка, да дава заеми на фирми кои влегле во невољи...

Очекувам коментари од поискусните играчи, и секако од министерството за економија и претседателот!