ePulitzer Prize / еПулицерова награда (ВОСТАНОВУВАЊЕ)

Day 1,403, 06:24 Published in North Macedonia Belgium by El1teBE

еМакедонското новинарство е во вистински колапс - факт кој многумина го увидоа. Особено во овој месец - септември - на секои три дена се објавуваат по едвај три-четири статии во секоја категорија од кои пола се од Министерствата, а голем дел се без врска чкртки во очајнички обид на еМакедонците да се земе фамозниот ММ Медал. (Секоја чест на исклучоците). Затоа решив да востановам еПулицерова награда - за најдобрата статија напишана во изминатиот месец и најдобра еРепублик фотографија (објавена во статија). За таа цел, ве замолувам да донираме сите заедно колку можеме повеќе, да ги поттикнеме македонските новинари да пишуваат (да имаат за што да се замараат). Од мене има стартен фонд од 1000 МКД.

Правилата ќе бидат следни:
1. -75% од фондот оди за дoбитникот (или добитниците) на наградата за најдобра статија;
-25% од фондот оди за дoбитникот (или добитниците) на наградата за најдобра фотографија.
2. Паричните средства потребно е да ги донирате кај мене (тука), а на крајот на месецот ќе бидат доделени на најдобриот новинар и најдобриот фотограф.
3. За победниците ќе одлучувате вие, за што ќе биде објавена посебна статија со предложените кандидати - на крајот на месецов.
4. Во коментар во оваа статија оставајте ваши предлози за статии и фотографии кои би требало да се закитат со наградата овој месец

Се надевам дека оваа акција нема да биде осудена на пропаст како многуте други, и дека ќе заживее меѓу народот. А тоа ќе го направиме заедно, само доколку донирате средства!

ВО ФОНДОТ ДОНИРАЛЕ:
el1temkd - 1000 MKD
Voix of Macedonia - 1000 MKD - (благодарам)
Toniey - 200 Q1 FOOD (продадено *0,64) = 128 MKD - (благодарам)
nikola cvetanov - 100 Q3 FOOD (продадено *1,90) = 190 MKD - (благодарам)



ЗА SHOUT:
ePulitzer Prize / еПулицерова награда (ВОСТАНОВУВАЊЕ)
http://www.erepublik.com/en/article/epulitzer-prize--1868595/1/20