eВМРО-ДПМНЕ Соопштение [acko veles]

Day 1,579, 02:39 Published in North Macedonia North Macedonia by acko veles

Почитувани,
како што сте добро запознаети во текот на вчерашниот ден во еМакедонија се одржаа избори за претседатели на политичките партии.

Јас се решив да се кандидирам за претседател на ЕВМРО-ДПМНЕ со цел да внесам нов дух, енергија, креативност и динамичност на политичката сцена.



На еМакедонија и треба систем кој ќе гарантира дека сите добри идеи ќе бидат ставени во корист на државата, без разлика дали доаѓаат од поискусните или поновите играчи.
Тоа не значи дека зајакнувањето на оваа партија ќе биде на база на неаргументирани критики и напади, туку ќе градиме партија која ќе биде здрава опозиција со креативни идеи и спремна за соработка со сите.



Би сакал да кажам дека ми е навистина мило што нашата партија во текот на вчерашниот ден докажа дека е партија со една од најактивните еиграчи и довербата ја добив со повеќе од 88%.



Накратко би сакал да ве запознаам со неколку мерки кои или беа веќе превземени или ќе се превземат во следните неколку дена.




1. Ке се оформи тим од искусни играчи од партијата кој ке биде и најтесното раководство на партијата(пријавување пм кај мене)
2.Ке се одбере секретар на партијата кој секогаш ке биде пожртвуван за нашата партија и кој ке треба да посвети големо време и внимание бидејки неговите ангажмани ке бидат и најголеми со информирање на членството пораки и сл
3.Воедно стартува и пријавувањето за избор на конгресмени од партијата евмро дпмне , секој кој е посветен на нашата држава е креативен и амбициозен може да се пријави за кандидат за избор на конгресмен од нашата епартија.
4. Ќе се постават основи за комуникација со сите останати партии, Конгресот, Претседателот и Владата на еМакедонија
5.Ќе се обидеме да го зголемиме бројот на членството. Ќе обрнеме внимание и на постарите, поискусни играчи, но и на помладите, нови играчи.



Сите оние кои сакаат да се зачленат во партијата ги канам да ја посетат оваа страна:http://www.erepublik.com/en/party/evmro-dpmne-3563



За сите Вас, кои сте заинтересирани да учествувате во работата на партијата, Ве молам пишете ми порака. Моите одлуки во иднина ќе се базираат најмногу врз база на активноста на сите вас.
Се надевам дека ќе успееме да постигнеме на краток рок ЕВМРО-ДПМНЕ да биде втора по големина партија во еМакедонија со свое адекватно учество во Конгресот на еМакедонија.


Во нашата партија им е местото на сите кои сакаат да и помогнат на еМакедонија.



Еден апел и до сите оние слободни пукачи а сепак сериозни, кој нема да и наштетат на нашата држава, можат да се приклучат во единицата Гоцевата Чета
каде има дружба и добар провод линк http://www.erepublik.com/en/main/group-show/653
чат на евмро дпмне #evmro_dpmne
Да живее ЕВМРО-ДПМНЕ
Да живее Македонија