[Енрико] Солен Сладолед дел. 2

Day 5,927, 09:02 Published in North Macedonia Ukraine by TheTrendoReanimated

Во почетокот на 1988 година ја гледам адресата од Марина и си велам дали да и се јавам за да и напишам нешто. Ангажирав судски преведувач која ми помогнаво преводот на писмото. Во писмото се извинив што долго време не сум се јавил, дека адресата сум ја затурил некаде (лажев), а јас си мислев зошто да и се јавам таа толку висока, јас низок – класичен француски пар. По извесно време добив одговор дека цело време мислела на мене, зошто не сум се јавил, да не сум ја заборавил, што се случило со мене,... ? А што имаше меѓу нас? Скоро ништо. Само едно капење во базенот, малку дружење во собата и 3-4 бакнувања. Во второто писмо ја поканив да дојде на гости. Веднаш прифати. Направив гарантно писмо со кое гарантирав под материјална, кривична и морална одговорност дека сите трошоци за време на нејзиниот престој кај мене се на товар на моја сметка, судски го заверив и на 18 март во 1988 година го испратив.
Во почетокот на јули ми дојде телеграма дека на 4 јули во 8 часот со возот “Пушкин” од Москва ке пристигне во Белград. Почна припремањето за патувањето во Белград. На 3 јули преспав во хотел. За помладите читатели да појаснам дека во СФРЈ 4 јули беше државен празник – Ден на борецот. Цвеќарите не работеа. Не знам како да и се извинам затоа што немав цвеќе. Сигурно не сум луд на таа горештина да носам цвеќе од Скопје. Возот пристигна на време. Отидов до вагонот број 9 излезе Маринче и кога се видовме поздравувањето траеше 15 минути. Страствена прегратка. Луда работа! Што се случува? Од Белград за Скопје патувавме со дневниот воз. Почнаа да ми работат хормоните, ми се јави желба да и скокнам тука, во купето. Ептен многу навалувања од моја страна. Марина на англиски ми рече каде брзаш, но тоа беше моментално смирување. Хормоните работат. Ќе ме 9 погледнеше со очињата и ете настануваше проблемот. На еден сопатник му дадов пари да се јави на другар во Скопје за да ја земе мојата кола и да не пречека на железничката станица, бидејќи јас претходно му дадов клучеви од колата. Кога слегов ниту другарот го имаше ниту колата. Земав такси и отидов до дома во Карпош 2 во непосредна близина на Електро-машинскиот факултет. Си реков нема да ја сексам тука, од каде да знам можеби сексот и е бучен, па ке се направи непријатност за соседите.Еднаш имаше бучен секс па сосетката ми се закани дека ќе викнала полиција и реков што има полицијата врска со ова треба да викнеш пожарна бригада. Малку одморивме се напивме сок, а Марина побара нешто жестоко. Од Карпош отидовме кај еден другар во Ѓорче Петров каде што бевме сместени. По туширањето се разбира дојде сексот. Луд секс, благо речено. Градите и беа малку мали и кога почнав да ја фаќам, да ја лижам ми рече дека никој до сега не ја фаќал за гради!? Не ми се веруваше што рече, затоа кога си отиде ми рече “Кики градите ми се малку поголеми од порано”. И реков да, благодарение на мене сега си уште поубава. Во една прилика ми рече, Кирил ти си мал, да реков сите убави работи се во мали пакувања.
За време на престојот во Скопје прошетавме на повеќе места. Се договорив со еден другар од работа кој што претходно беше во Москва на специјализација и знаеше руски јазик пред х. “Метропол” – Скопје да се видиме за да и каже и да се извини што не сум можел да земам цвеќиња за пречекот во Белград бидејќи цвеќарите не работеле и дали сака нешто специјално за јадење, пиење, дали е задоволна од престојот во Скопје. Само мене сакала да ме јаде и да ме пие, му одговорила на професорот. Тогаш врз основа на гарантното писмо тие добиваа некакви конвертибилни динари. Многу динари за малку рубљи. А тие се менуваа во Земјоделската банка до киното “Вардар”. Шетајќи отидовме во Стоковната куќа “Беко” и не знам што ми текна купив златна бурма и и ја дадов. Онака без врска. Пред да пристигне неколку дена колата ја однесов за промена на масло во моторот, а вработениот ми рече дека споната на десното тркало не е добра. Од Скопје се упативме кон Охрид, попатно отидовме до Манастирот “Св. Јован Бигорски”, на кратки шорцеви и боси. Не по верските правила. Возејќи по патот кон Вевчани сакав да завртам во десно по патот, но колата не заврте туку продолжи право без да имам било каква контрола врз неа. Во тој момент имав време да помислам само што зар и тоа може да се случи. Несреќа. Ние сме повеќе деца, без едно се може, но таа беше единка. Одеднаш, на половина од кривината од десната страна на тркалото нешто кликна, значи споната се врати во лежиштето. Огромна среќа имавме што во тој момент од десната страна немаше возило во движење. Повеќе од сигурно ќе бевме нулирани. Но судбината беше на наша страна. Од тогаш наваму никогаш повеќе во свето место не одам неприлично облечен. Касето фонот беше вклучен, не знам дали сопатничката беше свесна за ситуацијата. Во лимузината имав Coca Cola се напив малку, но нозете ми се тресеа малку повеќе. На влезот во Охрид отидовме до една пријателка од работа за да се видиме и да ја види “снаата”. А таа преубава, претставителна, културна, само се смешка. Бевме сместени во Универзитетското одморалиште во Коњско. Прашавте за секс, 2 пати после јадење плус дополнително како ужина. Во ливадата на одморалиштето некој имаше врзано магаре, а тоа постојано рикаше. Во одморалиштето бевме на комплетен пансион. Може да кажам дека сместувањето и исхраната беа на солидно ниво. Секој ден шетање натаму-наваму. Ресторантот “Ривиера”во центарот на Охрид ни беше некако како најдобар. Тогаш хитови беа италијанските песни Marina, Marina и Bona Sera SignorinaBonaSera. На плажа се сончавме и капевме пред х. “Силекс”. Ќе отидевме 35-40 минути и другарката вика “Кирил, ајде да идеме во соба” и велам што ќе правиме, сега дојдовме како да не знам, а таа секс нели знаеш. Дали ќе видеше некој фраер па ќе се возбудеше, ма не, веројатно сум во грешка. И јас гледав лево-десно. Па нели очите се за гледање. Уште по скалите ќе ја стегнев за газот, влегување во собата и за нула време фрлање на сукњата и почнување со посакуваниот секс. Што да кажам секс, секс и само секс. А магарето постојано рика и само рика. Марина вика Кики и овој е како тебе. Шетајќи низ Охрид го видов брат ми близнак се вратил од МРА во Загреб. Немало каде да спие. Му реков ајде дојди кај нас. Ние навечер повеќе пати практикувавме секс во езерото. Брат ми дојде да спие, каде да правиме секс. Мора да се одржува кондиција, Марина додека не прими инекција не може да заспие. Ајде пак надвор. Во езерото не ни идеше и реков ајде ке идеме во колата, колата паркирана во удолница. И велам срце чекај малку. Таа што е работата? Ќе видиш, ставив еден голем камен под тркалoтo бидејќи од каде да знае човек можеби со “ножeнцата” ќе ја исфрли лимузината од брзината (мењачот беше на воланот) и преку патот да се најдеме во езерото. За да нема бунење јас мојот го крстив Мики, а нејзината заедно бевме кумови Наташа. Значи ако сакаше секс, во преносна смисла на зборот ќе речеше Наташа сака нешто да му каже на Мики. Еден ден по ручекот легнавме да одмориме, сме заспале и нешто ме буди, таа вика што нели ќе идеме за Струга, ти ова рече, ти она рече, ова ќе направам она ќе направам. Куклето изгуби контрола. Си мислам што е работава женската почна да влегува во хистерија. Ќе си идам друго-трето. И реков само фати се за кваката и утре со првиот авион ќе си отидеш дома и нема да има повеќе секс. Кога и реков нема да има повеќе секс се замисли, се освести и почна циле-миле, ама Кики ова-она, извини јас сум незгодна после спиење. Понатаму ултимативно кога се правеше многу паметна само заканата дека нема да има секс моментално ја успокојуваше. И делуваше како не знам што. Принципиелно апсолутно не сум за расрпавии за било што, може да се разбере, да се договори, да се најде заеднички јазик, толеранција пред се и за се или пак да се раскине врската. Утредента по појадокот отидовме за Струга. Направивме прошетка и до “Св. Наум”, “Калето” и се друго што можеше да се види во Охрид. Во Охрид во летното кино гледаме дека на репертоарот има некој порно филм. Се договоривме да идеме на кино. Отидовме почна филмот, Мики почна да станува немирен. Си викам да го наседне, можеби столчето ќе се скрши, дали ќе издржи 160-170 килограми, а имаше и некои деца качени на дрвјата околу киното. Таа цело време ме држеше за Мики и одвреме навреме силно го стегаше кое чувство ми причинува огромно задоволство. Што има да гледам порно филм, ние си правиме самите, ама ајде си викам да ја убиеме монотонијата. По 2-3 дена кога отидовме во собата, почнавме со вообичаениот секс, кога куклето ми вика сакам да го лапнам. Дадено од мене, но класичниот секс многу повеќе ми се допаѓа од оралниот. Имав едно календарче и на него уште од првиот секс ги заокружував деновите почнувајќи од 1 при сексањето, застанав до крајот на месец мај. После тоа таа шкрткаше нешто во календарчето. Веројатно пред тоа немало гледано порно филм, затоа со внимание го гледаше. Ја прашав и ми рече дека тогаш за прв пат правела орален секс. Се почувствува дека и беше прв пат. Во Охрид останавме 20 дена.
Од Охрид отидовме во едно село пред Прилеп брат ми да се види со една пријателка. Маринче некаде по патот ги изгуби влечките. Рече дека тоа било знак дека пак ке дојде. Каде ќе ги бараме, ги нема никаде. Во Прилеп отидовме во касарната бидејќи другарот Горан беше во војска, а тие веќе се знаеја од првата средба на П. Шапка. Не им се веруваше дека повторно се гледаат. Во Прилеп земавме соба јас и брат ми во х. “Липа” бидејќи во тоа време за странци сместувањето беше поскапо, бевме на вечера и музика на летната тераса, а Марина покрај музиката се протна и дојде директно во собата, бидејќи немаше никаква шанса незабележана да влезе од рецепција та онака висока и светла. Бидејќи во собата имаше два кревети што да правиме, јас отидов во кадата за да се освежам, кога еве ти ја Марина се разголи и ми вика ако сакаш лижи ме. И реков не можам бидејќи порано пробав еднаш да го правам тоа но од тоа имав непријатно искуство. Мислам дека ме разбра. И викам додека можам ќе бутам, а откако не ќе можам, веројатно ќе мора да пројдам на лижење. Отидовме пак легнавме но куклето сака да ја добие инекцијата. Вика Кики станувај ќе идеме во купатилото, не може да заспие. После сеансата се разбира заспавме како јагниња.
Од Прилеп заминавме 2 дена на гости во Штип, а од таму за Проби штип во х. “Злетово”. Во собата немаше т. хартија и фраерот на рецепција ми вика “Што да ви правам, мијте се”. Ужас. Таму бевме 2 дена. Отидовме кај еден другар на гости и Марина играјќи се со неговата ќеркичка изгуби едно прстенче. Барај ваму-таму, на секаде, никаде го нема. Пак коментарот дека тоа е знак дека пак ќе дојде. Од Пробиштип навечер, за да убиеме монотонија и да се движиме редовно одевме во Кратово, а за спиење се враќавме во Пробиштип. Патувајќи од Кратово кон Пробиштип ми дојде нагон за секс си викам ќе застанам тука на м.в. “Жгури” и ќе ја плеснам во природа на висока надморска височина, но си викам ајде уште 10-на минути и ќе бидеме во хотелот. Вообичаената припрема за секс но Мики нешто се “исплаши”, не сакаше, прошлајфува во место. Што би се рекло народски веројатно прегоре. А таа прокоментира ”фала Богу малку да одморам”. Ете, на жив човек и тоа може да му се случи. Третиот ден отидов кај прва братучетка и ме праша каде сте сместени и реков во хотелот. Таа ми рече, каков хотел дојдете кај нас. Кај неа имаше место. Отидовме кај неа.
Од Пробиштип една вечер отидовме во х. “Кратис” – Кратово, а од таму за Скопје. Во хотелот ми покажува нешто кон една женска, не можам да ја разберам, женската Кратовка, нормално девојче. По некое време разбрав дека женската и личела на мајмунка. Глупости. Малку повеќе ја скарав и и реков друг пат да не лепи такви етикети за женските од СР Македонија, а посебно од Кратово, затоа што токму таа женска ќе ја прашам дали Марина ќе ја биде за снаа. Викам Марина колку многу километри поминавме наваму-натаму - 1000, а таа ми вика кај нас во еден правец ако не поминеш 2-3.000 километри не се смета за патување. Да, тоа е СССР, а ова е СР Македонија
Во Скопје во кино “Вардар” се прикажуваше порно филм и викаме ајде ќе идеме. Беше 1 август, а таа требаше да се врати во среда во 12 часот на 2 август. На 30 јули го прославивме нејзиниот роден ден. Незапамтено невреме, со светкавици, грмотевици, дождови. Станување утрото кога гледам на автомобилот предната десна гума издишана. Резервната исто така не би беше исправна. Празник, трчам по Скопје барам вулканизер. А не ми ни текна да прашам некој од мештаните од Ѓорче Петров можеби во близина имало вулканизер. Го ставив тркалото во такси и веднаш отидовме на Јаја Паша да побараме вулканизер, но ми рекоа дека тој денес нема да отвора. Видов еден другар што има “Лада”, тие тркала се фаќаа на “Застава 1300”, но бандажот беше оштетен. Отидов до Скопски саем на вулканизер кога таму еден човек со “Рено 4” ми вика јас сум ти комшија, те познавам, ти дружиш со моето синче. Му кажав што е проблемот, а вулканизерот излезе фер ни ова, ни она туку на доверба ми даде тркало со бандаж, комшијата ме однесе до Ѓ. Петров. Го монтирав и некако успеавме да стигнеме на време. Вагонот за Москва од Скопје тргнуваше секоја среда во 12 часот, а од Белград се прикачуваше за огромната композиција за Москва. Какво плаќање друго трето, сега е итна ситуација мора да ја испратам гостинката, а после ќе се раздолжам. Тркалото од мојата кола го оставив во сервисот за да ја залепат гумата. На Железничката станица какво што беше пречекувањето уште потрогателно испраќањето. Плачење. Ми вика не сакам да си одам. Дали добро слушам, викам не се секирај пак ќе дојдеш.
По извесно време добив писмо во кое пишува супер лативи, дека миговите во Македонија нема да ги заборави никогаш, дека на мајка и и на татко и кажала дека супер сум ја пречекал. Дека сум најдобриот на светот. Тие и рекле ако е така покани го нека дојде и тој кај нас нека ни биде гостин.Ме моли кога ќе бидам со други женски да не ја заборавам. Но, нека извини но тоа е тешко остварливао, бидејќи кога сум со некоја женска апсолутно целосно се предавам на неа и не мислам на никоја друга. По времето поминато со неа, со некои мали проблемчиња се разбира и јас не бев рамнодушен. Веќе и со рускиот јазик прилично напреднав. Фрчеа писма натаму-наваму. Непосредно по заминувањето за СССР замина на специјали зација во градот Николаев. Еве и сега да ме прашате не знам што специјали зираше, а не сум ја ни прашал. Ми вика на креденецот имала од мене слика каде што дигам тегови. Веројатно за мастурбација. Да го сликам па да ти пратам слика од него и реков, а таа вика не вака ми е супер. Добро, ја разбрав. Во некои ситуации имагинацијата е важна.
Се договоривме за дочекот на Новата 1989 година да дојде во Скопје, но да не доаѓа сама и реков за другарот Горан да доведе некоја другарка, а и таа да има друштво за по пат. На 01.11.1988 година испратив гарантно писмо за неа и за другарка и Лена**** од Симферопољ. На 23.12.1988 година добив телеграма во која ме известува дека тргнале од Москва со другарка и дека треба да ги пречекаме на Железничката станица во Скопје. Ги пречекавме на Железничката станица. Знам Марина е висока, ама кога ја видов Лена што ќе видам иста висина со Марина. Јас од еден братучед позајмив “Застава 750”. Во тоа време да земеш reнt-a-car беше голем луксуз. Кога ги видов си викам што сега. Прво другарот и Лена ги однесов во Карпош 4, а потоа се вратив по Марина, предупредувајќи ја да внимава што прави додека ме нема. Од Железничка со Марина отидовме кај другарот на гости. Не знам од што на пенисот ми се појави некое црвенило, а Марина ми вика оди кај Лена нека види што ти е, таа е дерматовенеролог. Веројатно и Марина знаеше што е, ама. Не знам зошто упорно ме праќаше да ме види Лена кога, како што ми кажа другарот Горан, Марина на Лена и рекла дека не сум нејзин тип и дека со мене е само онака.Не навлегувам во коментари, женски муабети. Марина од Новогодишниот панаѓур на Скопскиот саем купи еден фустан за малку пари, а кога отишла во Украина некоја жена и давала неколку пати повеќе за да и го продаде. Тука девојките со кои се гледав знаеа за ситуацијата и што можеа да направат освен да чекаат да замине таа. Со девојките гледање на договорено време, нема кога сака да дојде, можеби непријатно ќе се изненади и ќе си направи проблем. Тогаш немаше Интернет, мобилни телефони, а јас немав ни фиксен телефон. Таков ни беше договорот. Едно од македонските куклиња ми вика Кирил јас имам заробени девизи, кога ќе ги земам ќе те честам едно патување до СССР. Сам се разбира. Таа веројатно не беше Македонка. Новата Година ја дочекавме во х. “Панорама”. Многу ми се допадна што од толку многуте луѓе во салата за дочекот на НГ не познавав никого. Со нас на масата имаше уште 6 лица. На музиката порачав руска музика и по некое време еве ги високите Русинки на маса. Комплетна лудница, еуфорија. Околу нас имаше постари луѓе, а во менито имаше вино “Розе” од 0,750. Ќе им ја честитав Новата Година, им предлагав замена сок за вино, а тие еве синко земи го виното, ние нема да го пиеме. Така за дома собравме 15 шишиња вино. Сега бевме сместени кај мене, во бараката, а Горан и Лена живееја во стан во Карпош 4. Кај мене немаше парно, имаше само една греалка. На мене лично ладното не ми смета. Повеќе го сакам од топлото. Но мора топлото да го сакам поради понежниот пол, морето. Ја гледам Марина од профил и си мислам дали ќе прифати.
Викам Марина што мислиш да направиме секс надвор, на снегот. Ме погледна и мепраша дали сум сериозен. Реков да. Важи – рече. Во околината на ЕТФ и Машински факултет под борчињата малку го потапкавме снегот, ставивме најлони, врз нив повеќе тврди картони, потоа ќебе и едно ќебе за покривање, перница горните делови од телата ни беа облечени. И се качив во класична поза, многу се гушкавме и после извесно време беше готово. Ја завршивмеработата се разбира многу побргу од вообичаено, Марина вели ќе го паметам овој секс додека сум жива. И јас го паметам се разбира. Прекрасно нешто, малку ладно но бевме малку повеќе сплотени.
*