Вицови ... епа тоа е денешнината

Day 4,649, 06:29 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by FILIP VI Makedonski

******
Две плавуши разговараат:​
- Знаеш ли дека за да се исплете еден џемпер потребни се три овци!​
- Што зборуваш! Не знаев дека овците можат да плетат...​
******
Сопира сообраќаен полицаец плавуша и и бара возачка дозвола.
- Тоа е она со розева боја и што има моја слика?
- Да и одговара полицаецот и и ја бара и сообраќајната дозвола.

- Тоа е она со сиво-зелена боја и нема моја слика?
- Да, и вели полицаецот и бидејќи гледа со кого си има работа, почнува да го откопчува шлицот.

- А плавушата зачудена:
- Леле, пак алко-тест?
******
Трпана му се јавува на телефон на Трпе и му се дере:​
- Каде си ти идиоте??!!!​
- Драга, ти текнува ли на онаа златарата каде ти се заљуби во едно ланче за кое ти реков дека еден ден ќе биде твое?​
- Дааааааа, и?​
- Е, јас сум сега во кафаната спроти златарата.​
*******
Девојката: Не се чуствувам добро денеска.​
Дечкото: Штета, a баш мислев да те носам на шопинг.​
Девојката: Хаха, јас се шегувам!​
Дечкото: Знам, и јас се шегувам.​

*******
Трпе се враќа од двегодишна служба во армијата. Трпана веднаш го легнува на спалната, но тој ја запира со решителен глас:
- Да излеземе да се прошетаме малку!
Излегуваат на ливадата:
- Го гледаш ли тоа прекрасно небо? – прашува Трпе.
- Го гледам. – одговара Трпана.
- Ги гледаш ли тие прекрасни борови?
- Ги гледам, ајде побрзо да одиме дома…
- Ги гледаш ли овие убави дабови?
- Добро ги гледам, и?
- Епа гледај ги внимателно и запомни ги, зошто наредните три месеци ќе го гледаш само таванот!
*******
Македонскиот премиер решил да се прошета и да види како живеат обичните луѓе. Сретнал едно мало момче.
- Каде е татко ти?
- Отиде на работа со новиот автомобил.
- А мајка ти?
- Отиде на работа со стариот автомобил.
- А кој е дома?
- Баба ми, гледа телевизија на новиот телевизор.
- Гледаш ли момче, за сето тоа треба да сте ми благодарни мене!
- Бабо, бабо!!! Си дојде чичо од Америка!
*******
Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
- Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
- Добро! Кажи кои песни сакаш!
*******
Хитлер фатил Американец, Французин и Македонец. Најпрвин му се обратил на Американецот:
- Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
- 4!
- Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
- 4!
- Не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
Потоа го прашува Французинот:
- Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
- 6!
- Имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
- 6!
- И ти не ми правиш ќеф, носете го во гасна комора!
На крај му се обратил и на Македонецот:
- Овде имаш 8 ракии, колку ќе испиеш?
- 9!
- Како 9?
- Си носам! – и извадил едно шишенце со ракија.
- Браво, ми правиш ќеф! Овде имаш 8 проститутки, со колку ќе бидеш?
- 9!
- Како бе 9?
- И ти ми правиш ќеф!​
*******
idef englez francuz i kumanovac na sfetsko prvenstfo u pcuvanje : )
i prf englez ulaza u sobu i pcue saat vreme, ftor ulaza francuz saat ipol dva i on se otkazue,
ulaza tret kumanovac, s'pnue se na vrata pada i pcue gi vrata tri sata i posle se cHisti stanue i vika na ziri moze li da pocHnu : )
*********
Ај следниот пат повеќе 🙂