Претседателско обраќање + нов авио рефунд[goLdeNNN II]

Day 4,255, 13:39 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Narodna Banka na Makedonija



Добар ден Македонци,

Кус час по географија и временска прогноза за еСветот
Моментално картата на светот изгледа доста шарено. Климатските промени предизвикаа доста нестабилности во еСветот па така зафатени од Цунами Астерија и новоформираната алијанса Хидра речиси да ги снема од мапата.
Глобалното затоплување предизвика штета и во нашите оригинални територии; читај: Чичо Плато од нигде никаде ни го украде бонусот на штета против Чиле а ни ја остави иницијативата во 10минути пред полноќ. После бурна ноќ последиците беа фатални, а да биде уште полошо веднаш штом се раздени Повардарие беше зафатени од торнадо од ветрови од далечното Чиле.
За жителите во Источна Македонија, доколку чувствувате поголемо загадување на воздухот, тоа е од дождот кој ни доаѓа од северниот дел на балканскиот полуостров. Имено низ целиот балкан се шири смрдеа од Севернозападниот дел на балканот. Ни следи период со доста нестабилно време.





После лошата прогноза, време е за посериозен муабет.
Моментално оригиналните територии ни се окупирани. Тоа одамна ни беше познато само прашање беше на време кога ќе се случи. Моментално сите посилни држави од нашата страна се окупирани. Нема да го кривам Плато, иако он има голем удел во ова, туку ќе ја кријам заспаноста на нашата страна. После доминација од 5 години и никаква војна каде што непријателите ќе имаат барем мала шанса, се случуваат промени. Малку помош, малку среќа и малку повеќе пари им донесе плод на непријателите. Важното е што полека сите се будат и се спремаат да го вратат ударот. Искрено, скоро сите сметаа дека е време за гејм овер, али пошто нашиве еНепријатели немаат лице ни рака да им подадеш да им честиташ победа, остануваме уште малце на играва.





Приметив дека нашиот најголем проблем е активноста. Сфаќам дека играва е скоро 12 години стара и дека на никого повеќе не му претставува никаква занимација туку само лоша навика, ама сакам да пробаме да ја зголемиме активноста и тоа време што го трошиме тука да е корисно.

Затоа предлагам промени во начинот на кој се дели рефунд за авионските рунди. Досегашниот начин на поделба се укинува!

Потребни програми:
Телеграм
- апликација достапна и за мобилен и за компјутер. Апликација која што не го покажува вашиот телефонски број и која што е доста брза и лесна за користење.
https://desktop.telegram.org/

Lightshot - Програма за правење скриншот. Стискаш едно дугме и работата е завршена.
https://app.prntscr.com/en/index.html

Услов за учество во авио програмата е само Македонско државјанство. Исклучоци само за оние кои што се во странство на печалба.

Рефундот ќе се дели на каналот на Македонските пилоти. Ќе се прават по два удари дневно доколку нема важна битка тој ден. Во тренинг ударите ќе се дели по 50 000цц за направени 1 милион штета. Во побитните битки ќе има и поголеми награди. За да добиете рефунд треба да пополните формулар со линк од профил, скриншот од направена штета и износ кој треба да се исплати. За најјактивните членови ќе има награди од засега лични средства.

Сите кукаме за времињата кога не имаше по 200-300 Македонци на ирц, а никој неќе да симне програма од 50 мегабајти за да дојде на модерен канал со новите играчи. Ситуацијава нема никогаш да се подобри ако не функционираме заедно. Заедничките удари ќе придонесат за зголемена активност, штетата ќе биде насочена каде што има потреба, а и лесен начин за заработка на пари.
Се што е потребно се помалце од 10 минути на ден.

Линк до каналот за Македонски пилоти
https://t.me/joinchat/GU6-bxNgR6ioLWuFQuS21A

Линк до каналот на еМакедонија
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw





Деновиве се делеше пари на Македонци во авио битки. Купена беше штета само од еден странец во битката против Унгарците.

Накусо на што се потрошени парите периодов







Мал и последен дел за оние кои сакаат да придонесат повеќе за ослободување на нашата Маика. Сите знаеме како функционираат работите - тој со најголем број на играчи со пакети добива.
Во моментов најбитен пакет е Power Pack-от кој кошта 10 евра или околу 500 000 цц. Овој пакет ви ја зголемува регенерацијата за +20 енергија на 6 минути. Со одредени комбинации како пукање во епик, или собирање на медали може да се дојде до солиден број на чоколади во месецот. Така да, тие што можат да си дозволат 10евра или 500 000цц месечно земајте го пакетот и пратете ми порака доколку ви требаат понатамошни упатства.





За сега толку. Ќе ве замолам да ги игнорирате/ репортате провокативните коментари од еНепријателите. Очигледно им имаме набиено неизлечиви комплекси па се трескаат по коментари.

Се читаме на Телеграм!


Претседател на еМакедонија,
goLdeNNN II