48. Дивизија на НОВЈ (15 корпус)
Partisan Fighter
15 македонски корпус на НОВЈ
48-та Дивизија на НОВЈ била формирана на 28 септември, 1944 година во селото Пласница во атарот на градот Кичево. Пред основањето, во нејзин состав влегле ште и Првата, Шестата и Петнаесеттата македонска и Четвртата албанска бригада. Кон средината на октомври, 1944 година, оваа дивизија влегла во составот на Петнаесттиот корпус на НОВЈ.
Учествувала во ослободувањето на Охрид, на 7 септември, и Струга, на 8 септември, 1944 година, а го ослободила Кичево и Гостивар. На почетокот на јануари, 1945 година, во нејзиниот состав биле, Втората и Четиринаесттата македонска и Втората артилериска бригада.
Исто така учествувала во пробивањето на Сремскиот фронт и во сите борби за конечното ослободување на Југолсавија. Борбениот пат го завршила кај Цеље и Дравоград. За време на враќањето во Македонија, во Босна и Херцеговина, учествувала во чисењето на теренот од преостанатите четнички и усташки формации.
Comments
PERTAMAXXX
GREETINGS FROM eINDONESIA
o7
o7
3
x
5