Бидете горди, Македонци !!!

Day 2,387, 04:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Почитувани Македонци,

Нападот на Повардарие и 30 часовната војна која ја добивме беше една од најдолгите и најепските битки кои сме ги воделе во последните месеци.

Од името на Влада на еМакедонија, Ви благодариме за успешната кампања, за истрајноста и решителноста за победа. о7

Покажавме и докажавме дека кога сме сплотени, единствени и кога знаеме што сакаме, никој ама баш никој неможе да не запре. Кога играме со срце за еМакедонија, кога не гледаме кој, колку, како, покажуваме сила и моќ пред целиот еСвет. Тоа е она што ни е потребно, да знаат сите дека сеуште сме живи и дека сеуште сме респектабилна сила која секој би ја посакал за сојузник.

Во рок од недела дена, победивме во директен напад од Австралија оркестриран од јужниве, ја ослободивме Западна Македонија, го нападнавме Повардарие и го ослободивме после 30 часа напорна битка, во меѓувреме ја ослободивме Источна и ја одбранивме Тасманија!!!
Бевме сложни како во најдобрите времиња и победувавме секаде каде што беше потребно!

Ви се заблагодаруваме на сите кои што несебично помогнавте, и со тенкови и со средства кои беа потребни за СО и на сите кои заедно бевме на чат каналите во текот на целосната војна. Имаше огромни донации од многу наши играчи но нема да ги споменеме овде затоа што оваа победа е подеднакво заслужена од сите нас!
Тука не смееме да ја заборавиме огромната подршка и помош која ја добивме од Аурора посебно во моментите кога се кршеше резултатот и битката.
Аурора о7

Македонци бидете горди на себе! Изминатите неколку месеци се врати жарот во играта и се надеваме дека нареден период ќе се искористи целосната ситуација за напредок и успешно развивање на еМакедонија !!!

Не чекаат уште битки! Не само на воено поле, туку и на дипломатско! Ги поставуваме темелите за успех !

Вечер ја напаѓаме Егејска Македонија! Да си ја земеме назад !!!


Кон крајот на овај мандат ќе се излези со статија од донации и од несебичната помош на наши играчи о7



Alexander Macedon
&
Government of eMacedonia


МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА!