Каква е оваа ситуација? [akconel]

Day 2,166, 14:04 Published in North Macedonia North Macedonia by iPocahontas

Поздрав Македонци.

Испровоциран од кризата која последнава недела владее во конгресот се решив да напишам статија за да се спречи една од најголемите глупости во историјата на е-Македонија.

За тие што сеуште не разбрале за што стануа збор мало објаснување.

Последнава недела се водеа и сеуште се водат дебати околу златото кое е во трезорот на Македонија кое изнесува 3.000 голд дали да се префрли во НБРМ или не.

Беше пуштен закон кој не помина.

Сега во тек е уште еден ист закон кој несмееме да дозволиме да не помине.

Ке станеме потсмев во е-светот ке останеме без приходи и утре ке плачеме сите заедно и ке си ја удираме глава од ѕид зошто неможеме да се ослободиме ке ги троламе следните претседатели, ке се караме меѓусебно и ке се восхитуваме и креваме раменици за тоа дека Грците биле надмоќни.

Па едноставно неможе да се добие битка и војна без пари таков ситем наметнаа админите. Ако остане 3.000 голд замрзнато во трезорот никој нема да има корист од тоа.

Јас разбирам дека секој има право на свое мислење но барам некој да ми објасни:

ШТО КЕ ДОБИЕМЕ АКО ЗЛАТОТО ГО ОСТАВИМЕ ВО ТРЕЗОРОТ?

Ке останеме без битки, без акција, без разновидност во играта ке ни се здосади.

Ако тоа го сакате зошто тогаш ја играме играва? Зошто си го трошиме времето?

Никој неможе да предвиди што ке се случи во наредниот период. Што ако останеме без територија 2 месеци? Ке немаме приходи, нема да можеме да правиме обиди за ослободување. Кој знае што ке се случува во наредниот период. Можен е распад на TWO кој знае ништо не се знае ама за се мора да бидеме спремни.

Плато ке даде нови турнири злато само ке се трупа во трезор кој нема да можеме да го искористеме.

Затоа ке испратам молба до конгресмените да го гласаат законов со ДА за доброто на Македонија.

Немојте да мислите дека наметнувам мислење и вршам притисоци над конгресмените. Моите факти ги изјаснав погоре па ако имате аргумент против слободно презентирајте го.

Останете ми поздравени и со памет гласајте.

akconel