ЗАВРШНО ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ [МАНЕ КОМИТА]

Day 1,721, 02:01 Published in North Macedonia North Macedonia by mane komita

О7 МАКЕДОНИЈО

Од каде да почнам а брзо да завршам 🙂
Најпрво благодарност до мојот тим, ќе спомнам дел од нив ДигИ Столе Светецот Франц Бојан Лорд Стеф Феликс, момци останатите што не сте спомнати сте во моето срце.
Дојдовме на власт и сите гледаа скептично на нашата влада со недоверба, но со макотрпната работа со искреноста и патриотизмот луѓето ја осетија позитивната енергија и почнаа еден по еден да соработуваат со нас,тоа во тоа време беше тешко зошто имавме оставено прошлиот месец све на еден човек феликс,кој што не можеше на све да обрне и да посвети време.

Почнавме од своите оригинални територии денес веќе сме стигнати до 9/10 ресурси така ми мириса. Имавме грешки но не големи, ќе ми простите за нив секој што работи греши.

Од договорот за изнајмување на регионот на Црна Гора и сите трипер комбинации до стрпливоста и чекањето за вистински тајминг за нападот на Италија, па све до денес горе до швајцарските територии преку хрватскиот напад, све е тоа една голема заслуга на 99% од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД на кој искрено и од срце им се заблагодарувам, останатите еден посто ќе си останат да си лаат на празно, не се вредни да се спомнат во оваа статија.

Уште еднаш ќе ви се заблагодарам на сите за дадената подршка се надевам не ве разочарав се трудев да бидам корисен а ненаметлив.

Душманите нека не замеруваат што текстов е пишуван на чист староскопјански јазик и што е пишуван од мојот весник на работа сум банката дома си ја чувам 🙂 .

Многу успех на следниот претседател на Македонија, бори се со срце не се штеди зошто Македонија го заслужува тоа.

УШТЕ Е ВРЕМЕ КОМИТСКО !!!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!