АрМакедон
KepenciMKD
Со тимпани и труби, торжества,
го дочекаа младиот цар:
на постела од свила безбожно дете,
на новата правда син.
Среде ноќ волците вијат
низ празни булевари со подземен крик.
По кожа ми врват морници ладни,
в глава ми удира гонг.
Од Исток до Запад,
од Тибет до Урал:
A terrible beauty is born!
Над главава ми фрштат жешки јазици,
од водата се ведат гнасни ѕверови.
Го држам силно в рака крстот железен
со верба дека сè уште сум со тебе.
Лажен сум бард на бродот наречен пропаст,
поморец без очи и без глас.
Изгубен сум син на стравот од вода и од пламен,
со глава нурната в длабок вир.
Господи од верба венец исплети ми,
над мојава глава пред напукнат ѕид.
Смрт од вода, страв од потоп,
изградете кораб, изградете мост
и бидете спремни на жестока љубов
како на Оној, распнатиот на крст!
Еве доаѓам по нив,
нема да одминам никого.
В рака носам огнен жиг,
посилен од нивното мастило.
Еве ме пак и пак,
немам страв но носам страшна пресуда.
Ти носам радосна вест:
твојта крв е нивна слобода!
Над главава ми летаат бесни змејови,
од очиве ми искрат молњи пламени.
Замавнувам со мечот косам пред себе,
Господи, ти си моето силно оружје!
Зад мене летаат сили и престоли,
бегајте гнасни ѕверој, змии, гуштери!
Одвнатре бликнува Твојата светлина:
ќе ги погубиме со убавина!
Да живее мајка Македонија !
Да живеат Македонците !
Да живее обединета Македонија !
Comments
Have some spam!
http://abalkanstory.blogspot.fr/
ПОСЛЕ НАС ПОТОП
о7
Posle nas POTOP o7
ПОСЛЕ НАС ПОТОП о7 ♥
После ВАС потоп! о7
АрМакедон во срцето, Македонија во душата !!!
После нас ПОТОП!!!
МнМ! ПнП! о7
И ноќе кога месечко
гроб и со свила виеше
ветерчок тивко над неа
жална и тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна...
о7
Дечко, извини а нешто маички на прерамки дали имате?
После вас пролив!!! : )
o7
\o/
Posle vas - POPOT : D : D : D : D : D : D
http://www.erepublik.com/en/article/-won-like-a-boss--2025961/1/20
VOTE SHOUT SUB!!!!