Претседателска Кандидатура

Day 1,564, 10:21 Published in North Macedonia North Macedonia by MakalNo1


Драги избирачи, знам дека за поголемиот дел од вас сум непознат затоа што до сега не се експонирав многу и баш затоа барам од ваша страна да ми дадете шанса за да покажам што знам и умеам.

еРепублик играм од 28 Јануари 2011, што значи нешто повеќе од година и 1 месец. Ги знам сите механизми на играта и знам како одат сите работи.

Е сега малку околу мојата програма која за среќа ќе биде малку по опширна од онаа на мојот противкандидат.

ДОБРА ВЛАСТ

Секоја успешна држава мора да биде водена од добра власт. За тоа кои играчи ќе бидат дел од мојот тим ќе има дополнителна статија но во оваа ќе спомнам само дел од нив. Основно што ќе ветам е дека членовите на мојот тим ќе бидат ХИПЕР активни (се разбира освен кога ќе спијат 🙂 ) и ќе се спроведува сето она што како тим ќе се договориме дека треба да се направи. Тоа значи навремено обелоденување на тоа кои се плановите и во која насока ќе се движи Македонија.

Исто така се планира да се донесе и УСТАВ на еМакедонија. Во него ќе се прецизираат надлежностите на Конгресот односно конгресмените од една страна и Владата односно Претседателот на државата од друга страна. Преку јавна дебата ќе пробаме да продискутираме како политиката да ја вратиме таму каде што и е местото а тоа се политичките партии и Конгресот. Ке пробаме да изнајдеме начин како да ги мотивираме партиите да кандидираат квалитетни конгресмени кои ќе се грижат за правецот на државната политика. Ќе дадеме идеја политичката одговорност да се подели помеѓу претседателот на државата и Конгресот односно во Македонија да се воспостави мешовит систем а не како досега претседателски систем. Но иако ова ќе биде наша идеја сепак ќе го слушнеме гласот на народот преку јавната дебата и ќе ја прифатиме одлуката на мнозинството.

Во овој дел сакам да потенцирам дека во секој момент на СЕКОЈ ( било позиција, било опозиција, било цивил ) ќе му стојам на располагање за да го искаже својот став и своето мислење за тоа на кој начин да направиме еМакедонија да стане подобра држава и доколку било кој од тие предлози и мислења е прифатлив, истиот ќе се спроведе и ќе се потенцира чиј е. Тоa ќе може да се направи на каналот #emkd.vlada .

ОРГАНИЗИРАНА ВОЈСКА

MoD тим – MagiMaster (Бубо), Goodbeer и ДаркоДимовски1

Со помош на MagiMaster односно Бубо ќе се продолжи со користење на нашата мила Alisa и целата таа организација околу удар каналите. Но не само удар каналите, ќе се даваат и наредби на #emkd-army од страна на Бубо и Goodbeer и нивните заменици кои тие ќе си ги определат.

MoFa тим- BlackMK, Lance of Longinus, Ast89, AdmiralTrench и BugsMoney

Исто едно важно министерство кое изискува доста работа. Поради тоа е составен дрим тим од веќе истакнати играчи со помош на нови амбициозни и надежни лица на меѓународната политичка сцена.

Мислам дека со оглед на моменталната регионална ситуација ова министерство ќе има доста работа. Ќе бидат водени многу преговори, ќе има многу состаноци и договарања за спроведување на нова стратегија. МоФите ќе бидат во првите борбени редови за време на овој мандат.

Министерство за Економија - Ќе пробаме да реализираме една креативна идеја за економска унија со повеќе помали земји (со малку оригинални ресурси) како што е нашата и целта ќе биде помеѓу нас царината да биде многу ниска за да можат нашите производи да бидат поконкурентни. Тоа ќе го оствариме на тој начин што ќе воведуваме трговско ембарго на останатите земји а ќе форсираме ЕКОНОМСКА УНИЈА со одреден круг на земји. Економската Унија незначи дека мора да биде унија на земјите со кои имаме воен сојуз. Таа може да биде унија и со неутрални земји. Придобивките за нашата држава ке бидат тие што ке имаме евтини производи и тогаш кога ке имаме помалку ресурси а на тој начин ке можеме да ги контролираме и цените на производите со тоа што нема да дозволиме претерана добивка на сопствениците на q6 фирми на терет на граѓаните од една страна а од друга страна пласман на македонските производи на странските пазари по конкурентни цени.

Знаеме дека за да се реализира оваа идеја е потребен Конгрес но ние уште сега би почнале со преговори и промоција на Економската Унија помегу сојузниците и истомислениците. (Еден од критериумите за склучување на договори за Економска Унија би била цената на златото. Доколку државата има цена на златото иста или поголема отколку во Македонија ние би им понудиле вклучување во Економската Унија)

Министерство за здравје и развој - Веќе покажаниот наш Ел Че ќе ја води оваа функција воедно со функцијата Командат на бебешкиот Одред. Ќе бидат вложувани максимални средства за развој на младите и послабите играчи. Како човек од најголема доверба тука Ел Че ќе си ја продолжи добрата работа но овојпат на повисоко ниво.

Министерство за Информирање - Актуелната Министерка Aliss ќе си ја продолжи добрата работа и во мојот мандат. И ја давам целата моја доверба и поддршка за понатамошна работа.

И најважното на крајот:

РЕСУРСИ

Еден од најважните приоритети ќе биде зголемување на бројот на ресурсите кои ги поседуваме. На тој начин ќе се згоелми производството и ќе се допринесе за намалување на цената на златото. Како за почеток би можел да се направи еден поход кон Албанија. На тој начин би дошле до 6/10. За понатамошни освојувања и зголемување на бројот на ресурси ќе бидите дополнително известени затоа што какви планови и да се прават сега тие можат да паднат во вода за дел од секунда. ВЕТУВАМ дека ќе направиме МАКСИМАЛНИ НАПОРИ за да дојдеме до што е можно поголем број на ресурси

За крај, следниве денови ќе има посебна статија со тоа кои се играчи ќе бидат дел од мојот тим. Поголемиот дел од нив се веќе искусни играчи кои и претходно биле дел од власта но исто така ќе има и нови играчи на кои ќе им се даде можност за да покажат што знаат и умеат.



Останете ми со 100ка здравје и не заборавајте

Вистински Избор за Нов Почеток.
MakalNo1 за Претседател!