[TOP 5] Клучот е свеста! Анализа на "Job Market"

Day 1,421, 17:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski



Почитувани читатели!

Пред да започнам со првата статија, откако се закитив со титулата Пулицер, прв добитник на оваа награда во еМакедонија, сакам да се заблагодарам на сите оние кои гласаа за мене и сите оние кои ја подржаа и учествуваа во одличната идеја на el1temkd за доделување на истата.

Овде можете да ѓи видите резултатите:
ePulitzer Prize Results on Day 1,412


Вовед:

- Овојпат нема да има статистики и длабоки компарации, можеби мала анализа и осврнување на вечниот проблем на сите работодавци, одделот "job market". Обидувајќи се да се дојде до работник и да се свртат парите секој пробува да го заземе најгорното место на таа фамозна листа. Отсекогаш тоа било голем проблем и многумина пробувале да го решат, да воведат ред. Секогаш поединци оптимистички настроени инаетливо мислат дека ке го решат проблемот со надеж на разбирање од другата страна, и откако планот ке успева некој половина-час или час на крајот ке сватат дека тоа(разбирањето) го нема и фактот останува, дека платите вртоглаво ќе скокнат тогаш кога некој ке добие вртоглавица од чекање за да добие нов работник кое може да трае со часови. Тоа се првите моменти кога платата ке почне да расте. А до тоа може да дојде само тогаш кога се врши израмнување или намалување на цените кое своевремено јас го буткав да го пробаме, заедно со Ace Veles. Ние успеавме, да, ѓи намаливме платите за 30 денари, сите беа еднакви, и имаше 3 страни еднакви плати, речиси. Е тоа е и проблемот! Тоа неможе да се одржува и да трае! Некој на 2ра или 3та страна чека 1 саат за работник и тука почнува растењето на цените. Потоа прстите се вперуваат кон оние кои први кренале цена - ГРЕШКА!

- Нема потреба, воопшто, вперување прсти, плукање по индивидуи кога секој има право на свој начин на заработка, во право сум нели ? Секој има право на работник, да заработува пари, на начин на кој знае и умее. Тоа никој на никого неможе да му го одземе ниту пак да му го забрани! Тогаш прашањето е како воопшто може да се дојде до било какво решение за понудите на маркетот, нивен ред и контрола да цените бидат ниски, речиси никакви!

Размислете повторно ....
...и повторно...

Кој навистина е виновникот и зошто неможе да се стабилизира цената на маркетот?
- Зарем не го пронајдовте одговорот горе во воведот? 🙂
Проблемот со вртоглавите плати е еден и единствен, тој лежи во целиот број!
Не се бунете, токму така, во целиот број!
Што би било доколку платите се накачуваат после 5-6-7 еднакви понуди, 8та да биде накачена од 130 на 130.01(пример)
Зашто тоа многу често е од 130 на 131(пример)

Погледнете ги следниве слики:


(сликата горе)Која е логиката на ова подигање на цените ?


(сликата горе)Кој е редот овде ?

- Од овие две слики можете многу добро да видите кои се главните причинители за вртоглавите понуди на маркетот.

Што би било со горната слика кога би го изразиле накачувањето во децимали.
ПРИМЕР, најниската понуда на првата страница е 124.00 мкд до горе има уште 9 места, тоа се +0.09 мкд кога би иделе по мојата теорија, платата би изнесувала 124.09. Тоа е најповолната ситуација.
Најлошатата? Да направиме варијации...
До горе има 9 различни работодавци, рачунајте дека секој ке крене над секој тоа би било 9х9 или плата од 124.81 мкд.
Која е сеа логиката кажете ми вие да се рипа од 124 на 125мкд ?
Од 125 на 127 мкд? Од 127 на 128 мкд? Или пак од 128 на 133.17 мкд ?
- Ке се изразам на англиски, NONSENSE !!!


Е сега, откако истите ќе ги запрашав зошто така прават, одговорот беше следниов:
"Јас плата ако сакам и 180 ке ставам"
"Не планирам да се замарам по 100х да ставам понуди, ке лупнам една висока"

- Откако го добив вториот одговор и го прочитав се зачудив колку ниско интелигентни еЛуѓе постојат. (ништо лично)
Си реков дека од тој момент, иако дотогаш не сум сакал да терам инает и да идам по тој НЕпамет на другите и тие вртоглави плати овојпат решив да им докажам дека ТОА НЕМОЖЕ ДА МУ БИДЕ ПРИЧИНАТА! Па колку и некој да ставеше за инает му накачував за 0.01 мкд. Па и пишав на шаут, јавно, дека за истите секогаш ке бидам присутен и ке се потрудам да ги ставам на второ место на маркетот!

Тоа е проблемот, недостик на совесни граѓани!

Што е со теоријата да се одржуваат еднакви платите?

Погледнете ја следната слика:


(сликата горе)Ете ја причината како платите вртоглаво се качуваат.

Друго, бидете искрени пред самите себеси прво, дали ке поднесете 2-3 страни на кои платите се еднакви ? Јас сум искрен и ке кажам НЕ. Бидејќи колку и некој да ми тврди, знам јас и тој дека тоа е сосема нелогично и не е решение за платите. Како што кажав, секој има право на заработка, на свој начин на заработка и тоа никој неможе да му го забрани! Но бидете СОВЕСНИ и мислете на другите! Не кревајте за цел број, кренете за децимала, најминималната децимала, тоа е 0.01 мкд! Кревате, добивате работници, целиот број останува исти а децималата е мање-више небитна.

Како би го средиле тоа мислам дека е потребна мала шема.
Погледнете на наредната слика:

(сликата горе) На следната слика можеме да видиме дека повеке од 7 понуди се исти, и е многу нормално да ако ставиме иста понуда тешко дека ке ни дојдат работници повеке, а ни се потребни. Крени, крени за 0.01 мкд како што е кренато доле, не кревајте за цел број!

Да сумираме:
Кревајте цени луге, тоа е ваше право и тоа никој неможе да ви го одземе! Кој мене ке ме натера да намалам плата или да ставам онолку колку што некој друг ми кажал дека треба? Факт е дека тоа неможе и нема начин да се реши, но можеме да реагираме, сите заедно, ако само за момент се свестиме и речеме дека сите ке креваме за само 0.01 мкд. Само еден мал момент на свест, ништо повеке! Тоа е клучот и единствениот проблем, целиот број! Чинот е ист! Не е битно дали сте со 10 денари разлика во однос на вториот или со 0.01 битна е положата во 99% од случаевите. Јас не сум некој експерт, ниту пак заповедувам, само Ве молам за момент на свест! Бидејќи овој проблем може да се види од авион и дефинитивно одржувањето на една иста цена не е решение! И денес разговарав со еден еЖител(ке се препознае) и на крајот, можеби сепак нема да признае, но бев во право, ЦЕНИТЕ ВЕЧЕРВА СЕ ЗА 20 МКД ПОГОЛЕМИ! Големината на еДржавите не е во парите фрлени териториите освоени или јаките тенкови, туку во слогата, дадениот зборот, колку го почитувате истиот и чесноста. Цената на маркетот никогаш нема да се контролира, секогаш ке има барем ЕДЕН кој во даден момент ке отскокне. Кревајте, но само за 0.01 мкд!

ПС. Со оваа статија само сакав да укажам на проблемот, според мое најлогично објаснение за овој проблем и не ми е причината да вперувам со прст кон индивидуи, напротив истите сами нека се препознаат и нека се корегираат. Од таа причина сликите се сите доволно заматени за да неможат да се разоткријат нивните имиња.

+ Бонус прашање:
"Која е логиката во кревање на цел денар и повеќе наместо тоа да биде минималниот 0.01 мкд ?"
- одговори во коментар, за точниот одговор следува по 2 q2 леба




Се надевам ова што го прочитавте ви беше од корист и...
Фала ви за одвоеното време!
Ваш и искрен...
Душко Аврамовски