Натпреварот Македонија-Ирска
iTard
Па сите знаат за денешниот фудбалски натпревар со Ирска,и многумина од вас можеби биле во новиот стадион "Филип II Македонски" за да го проследат натпреварот во живо.
Бев и морам да признаам дека е прекрасен стадионот.Однадвор е премногу добро направено.На влезот голем видео екран на кој ги покажуваше влезовите и тимовите кој играат.Пред влезот беше малку тутканица,ама поминавме некако.Неможам да ви го доловам чуството во стадионот.Се беше одлично,веднаш можеше столче да се најде,бидејки тие си беа резервирани.Многу е убава глетката да се видат 30,000 луѓе на едно место како навиваат за својот тим.
Почна натпреварот,викања од трибините,пеење,ракоплескање,се додека не го примивме првиот гол,се стиша атмосферата,примивме уште еден гол,почнаа викања од трибините "Оди си Јонус".Заврши прво полувреме,петнаесет минути пауза,престана викотниците.
Почна и второто полувреме,во кое сите повеќе гледаа во публиката отколку на теренот.Можеби не ќе беше така ако Македонскиот тим покажеше интерес да поигра малку.Лицата на македонските играчи им беа како да сакаат натпреварот да заврши што побрзо,а да не зборам за начинот на игра.Два-три пати топката им ја подадовме на Ирците,утнавме пенал,голманот незнаеше во кој свет е,тренерот па мува не го лази.Само навивачите го правеа натпреварот интересен.Заврши натпреварот,излегоа играчите,излегоа навивачите.Можеби научивме нешто од ова,но кој знае.
Comments
Ќутуци ! карта за на јужна 250 денари, карто до Скопје 200 ден, 5 саати изгубено време, ама кога Македонија прима 2 гола.... непроценливо. : D Само стадионот вредеше да се види друго ништо !
И навивачите,мораш да признаеш,ама што имаше двајца начукани до мене што седеа,едниот едвај по скалите се симнуваше 😃
Па само ние навивачите им останавме друго ништо немаат...
Тоа е,со ваков менталитет нигде не стигаме
V+S
vrati
http://www.erepublik.com/en/article/bridging-the-gap--1791298/1/20
Вратено
sub51
uzvrati ako nije problem...
http://www.erepublik.com/en/newspaper/28blackt-b-265798/1
sub 4 sub
H︀e︀l︀l︀o︀.︀ ︀H︀o︀w︀ ︀a︀r︀e︀ ︀y︀o︀u︀?︀ ︀I︀ ︀n︀e︀e︀d︀ ︀a︀ ︀f︀r︀i︀e︀n︀d︀.︀ ︀O︀p︀e︀n︀ ︀t︀h︀e︀ ︀l︀i︀n︀k︀ https://www.youtube.com/redirect?q=%6e%61%6b%65%64%2d%67%69%72%6c%73%2e%6f%6e%6c%69%6e%65%2f%6b%6b%2f%78%6b%44%57%43%39%3f%73%6f%75%72%63%65%3d%65%72%65%70%75%62%6c%69%6b%26%61%64%5f%63%61%6d%70%61%69%67%6e%5f%69%64%3d1791201