Државни компании, паравоени организации и слични трикови ???
SaveAss
carlixxx Day 1,156, 15:02 (коментарот е од претходниот број: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1645122/1/20 )
Братче а да напишеше на пример како ти би се справил со економската криза?Со што би придонел ти за да се подобри ситуацијата?
И кажи ми зошто според тебе е лошо да има државни компании?
....................
Како што ветив еве малку по опширно околу државните компании т.е. тоа се компании кои ги раководи државата независно од смената на власта во еМакедонија.
Прво и основно во играта не постои начин да се креира Државна компанија, тоа значи дека компанијата припаѓа на играчот кој ја креирал со што автоматски компанијата не е државна.
За да ви биде појасно ќе дополнам дека многумина од газдите т.е. сопствениците на компаниите всушност се кријат зад патриотизмот, државата, паравоените организации па дури и партиите.
Е сега за да се добие убав микс и сето тоа да биде убаво завиткано имаме:
-Патриотизам:Работи за минимална плата и ќе добиваш бустери и сл. - Кој ги обезбедува тие ресурси? Данокот, сите ние.
Како контра аргумент според една моја пресметка, после првиот месец секој еден играч би можел самостојно да се одржува и надградува многу побрзо од самостојни средства.
- Државни компании: Тоа се компании кои работат во интерес на државата или во превод имаат сигурен пласман на своите производи - Државата им ги откупува производите по некоја цена, кој, колку и како плаќа никако не може да се одреди зашто моменталиот државен поредок ни е така поставен.
- Паравоени и воени организации - работат за државата, но и за себе, повторно прашање е колку и како се прави договор со нив и колку патриотски е сето тоа изработено
- Партиите се исто така многу важни, во моментов еМакедонија има класичен кумунизам и големо едноумие што нормално води до ситуација како оваа.
Кога ќе се комбинираат сите погоре работи се добива една совршено прикриена машинерија на одредена група луѓе кои пред се' ги бранат своите интереси.
Во многу ретки ситуации тоа значи и интересите на еМакедонија т.е. кога погоре споменатите интереси ќе се поклопат со интересите на Земјата. (еден пример од реалниот живот е сицилијанската мафија за време на втората светска војна)
Едни од првите показатели дека нешто не е како што треба се: даноците и останатите такси, енормни промени на цените (не за џабе политичарите велат стабилен курс, ниедни флуктации во екстремност не се добри) и вештачка контрола на пазарот.
Како да се реши ова?
Едноставно, сите што имаат право на глас треба да влезат во некоја политичка партија и да не дозволат само една партија да има мнозинство. Затоа јас влегов во помала партија, затоа се кандидирав за член на конгрес и затоа за неколку дена ќе ја барам поддршката од Вас. Исто така оние кои знаат што прават би ги поддржал исто така да се кандидираат.
Затоа што во цитираниот коментар беа посочени 2 прашања, сметам дека првото прашање е поадекватно за наредниот број на весников т.е. во очи на изборите.
Благодарам на вниманието,
со почит,
SaveAss
Comments
edno vote i sub od mene! 🙂
Поздарв Ѓорѓи, се надевам ти се допадна темата.
v+s
Поздрав сашо... и благодарам.
Можете слободно и да искоментирате нешто, не значи дека сум сезнајко... 🙂
podrska i od mene VREME e ...
aj sega podrska i za mojot vesnik http://www.erepublik.com/en/article/-maf-ednostavno-najdobri--1645574/1/20 glasajte za podrska na vesnikot i na edinicata { za MAKEDONIJA se raboti }
- Партиите се исто така многу важни, во моментов еМакедонија има класичен кумунизам и големо едноумие што нормално води до ситуација како оваа.
ОВА Е ИЗВАДОК ОД ТВОЈОТ ТЕКСТ КОЈ АПСОЛУТНО СЕ ИЗДВОЈУВА ОД ОСТАТОКОТ И Е ДОСТА НЕТОЧЕН, НЕПОСТОИ ЕДНОМИСЛИЕ НЕПОСТОИ КОМУНИЗАМ, ДОКОЛКУ БИ ПОСТОЕЛО СЕГА НЕМАШЕ ДА ЈА ИМАМЕ ОВАА СТАТИЈА. ЗНАЧИ НЕ СИ ВО ПРАВО ВО ОВАА РЕЛЕНИЦА.
имено надвор од играта, сицилјанската мафија не ја искористи положбата на Италија во втората светска војна туку таа и помогна на Италија да застане на нозе
поздрав
Какви лични интереси бре луѓе? Па браусер игрица е ова, какви лични интереси може некој да оствари овде? Овде може да ги оствариме само интересите на еМакедонија и успат да се забавуваме малку. Не знам SaveAss, може и да си во право, може има такви луѓе што влегле во некој глуп филм и бркаат некакви замислени лични интереси. Ако има такви, јас ги сожалувам.
Ајде да береме ум и да го гледаме интересот на еМакедонија, затоа што верувам сите сме тука поради тоа, а и никаков поинаков интерес не ни може да оствариме. Овие ваши „политички“ борби мене ми се смешни и патетични. Ништо не ми менува дали ќе биде една или сто еПартии. Тој дел од играта ми е смешен и не знам како се палите толку на тоа. Единствени работи што се битни се да бидеме сложни, рационални, дисциплинирани и истрајни (а во таков случај добрите идеи ќе си го најдат патот до примена, независно од целава оваа булшит еПолитика). Тоа сигурно ќе си донесе плод, а од тие вредности можеби ќе научиме по нешто да примениме и во реален живот.
viktorstip - дали немаме еднопартиски систем? дали таа партија има апсолутно мнозинство? Дали таа иста партија ги контролира економијата и воените ресурси?
Во врска со мафијата, сосема си во право и тоа беше поентата, тогаш интересите на мафијата се поклопија со интересите на земјата. По ослободувањето се си беше по старо.Сепак иако сите мислиме дека мафијата направила добро за државата, таа и во тие моменти си правела добро за себе.
Единство - нема по неутрална и по објективна личност од мене. 😉
Инаку во однос на лакомоста на играчите, те молам сам забележи што се прави за златни парички и ќе ти стане јасно.
Пак недостаток од информации...
1.Изгледа за прв пат сега го читаш зборот Организација? А ако си го сретнал до сега и знаеш што е тоа, тогаш зошто ова:
тоа значи дека компанијата припаѓа на играчот кој ја креирал со што автоматски компанијата не е државна.
2.- Државни компании: Тоа се компании кои работат во интерес на државата или во превод имаат сигурен пласман на своите производи
Да си читнеш што се државни компании уште еднаш?
3. Едноумие?
Illuminati - 52
Vasha ePartija - 79
Makedonski Nacionalen Front - 163
Како го виде едноумието и комунизамот овде?
4. Едни од првите показатели дека нешто не е како што треба се: даноците и останатите такси
Зошто мислам дека ВИЕ баравте измени на даноците?
Хахаха, па како си Шакче.... ајде по ред:
Едноумие:
http://www.erepublik.com/en/country/politics/Republic-of-Macedonia-FYROM
Компании:
Околу компаниите сакав да посочам дека има компании кои својот пласман и' го пласираат на државата за државни пари (не за беспари) Тие се приватни и прават профит надвор од пазарот за производи со 100% обезбеден пласман.
Даноци:
Јас само што се зачленив, кој и како барал и кој и како усвоил не ми е познато.
Тоа што не влегле кандидати од останатите партии зависи од многу фактори. Во еМакедонија, барем сега, едноумие јас не гледам. Гледам неколку партии кои реално, имаат шанси да влезат во конгресот на следниве избори. Тука кога веќе сме кај тоа, ќе морам да те разочарам, која партија и да преовладува во конгресот, се ќе биде исто како досега и следствено на тоа џабе се сите препукувања, ама ќе дочекаме па ќе видиме.
Околу компаниите не те сфаќам баш најдобро... Кои државни пари? Како се прави профит надвор од пазарот за производи? Кој е тој обезбеден пласман во играва? Доколку постои нешто такво како „обезбеден пласман“, каде одат тие производи? Кој ги користи?
Околу даноците, па и за другите работи, доста не ти е познато. Јас барем, не зборам за работи кои не ми се познати апсолутно никогаш. Не ми е јасно како ти го можеш тоа, ама сосем неважно.
Во ред е да се имаат различни мислења.
Како што гледаш јас не се препукувам и кажувам што мислам.
Околу компаниите... Дали Државата има свои „фаворизирани“ компании од каде ги набавува своите ресурси? Според она што можам да го видам одговорот е да.
Околу даноците, она што го знам е дека се зголемија и дека нивното зголемување не може да помине без „амин“ независно кој посакал такво нешто. Како што може да видиме, решението е многу лошо.
Ти не кажуваш што мислиш, туку тврдиш невистини. Невистини за кои не видов ниту еден конкретен пример, ниту еден факт, статистика... НИШТО!
Што можеш да видиш околу тие некојси твои имагинарни компании? Дај просветли ме, да го видам и јас тоа што ти го гледаш... Линк, статија, коментар, било што!
За даноците, ок, подобро можеби ви било кога странските фирми пак ќе се вратат и ќе ве треснат по глава со нивната нелојална конкуренција?
На економијата нај голема штета и причинуваат следните елементи:
1. Работењето со ниско здравје.
2. 1DW фирми
3. Сите државни фирми или фирми кои се основале за “потребата“ на државата со државна помош и работат со државна привилегија.
4. Сите фирми отворени од паравојската, кои работат по принцип ист како и државните.
5. Зголемен бројна клонови од ист IP
Кога ова ќе успее да се среди, ќе се среди и економијата а со тоа и државата.