100 дена

Day 1,588, 09:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski



Почитувани читатели,

Поминаа 100 дена како последен пат објавив статија, последниот повод беше мојот прв еРоденден. После 100 дена од него многу работи се променија но едно не, сеуште играм еРепублик и стискам "fight" по 100 пати на ден.
После мојот мандат 1 месец речиси и да немав волја да се пуштам било каде, како за пример на чет каналот од единицата во која служам речиси и да ме немаше воопшто. Едноставно после тој месец морав малце да одморам од сите тие еОбврски кои ми окупираа многу РЛ време и икрадоа часови во денот, цел месец! Многу работи се променија но сеуште кога како, поинтезивно пак или не, сеуште помагам колку можам, за еМакедонија и за DemonS на развитокот на новите играчи во еМакедонија и помладите членови на "DemonS"

Во DemonS постојат многу ентузијасти и позитивни играчи кои веруваат дека силата на еМакедонија е во новите играчи и нивното задржување, и мислам дека се во право!
Па и на собиранката по повод 1 ГОДИНА ДЕМОНИ една од главните теми беше токму тоа, како да помогнеме на новите играчи на еМакедонија. Оттаму имав неколку разговори со врвот на сегашната еВлада па и главниот кога се во прашање новите играчи, El Che како би можеле да направиме стимул кај новите играчи, не со донирање пари и тенкови туку покрај тоа и со суштината на играта, со нејзината еИсторија и нашата еМакедонија, за деновите изминати, за сите собиранки направени, вредност која ќе ги задржи подолго во играва. Да ја спакуваме како производ и да им ја продадеме! Истотака да зголемиме фондови за новите играчи. Кога мислам на фонд, мислам на скромни донации на сите оние кои немаат направено q2 стандарни бараки за тренинг и од 0.16 во q2, ако има такви, којзнае, можеби...


Би ја искористил оваа прилика истотака да ги поканам сите оние кои се неодлучни во која единица да се приклучат, да повелат во DemonS.
Се што треба за да Вие добивате од 11 до 20 q6 тенкови (зависно од Вашата сила и активност) е да бидете дел од "MU DEMONS" да го носите официјалниот аватар и бидете редовни и слушате наредби. Имено на вчерашен ден со помошта која секој член несебично ја даваше 2ца се здобија со нови фабрики за тенкови, едниот q6 другиот q5 фабрика. А неделите претходно дури 4 членови добија надградба на тренинг бараките.

Тоа е се...

Останете ми здрави и живи,
помагајте на оние кои ви бараат помош,
дајте им на оние кои немаат...


Ваш и искрен,
Душко Аврамовски