10ка со кромид [МЗИ]

Day 3,654, 05:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




10 лета правам,
празник роден славам!

Среќен роденден еРепублик!

10 години поминаа од стартот на оваа игра, никој не можеше да претпостави дека толку долго ова игра ќе опстои и ќе ја играме сеуште благодарение и поради нашите пријатели кои сме ги стекнале во играва, а Богами и во РЛ. Токму тоа е она што не држи тука со години.

Годинава кромидот ќе биде премногу скап...

Како и да е, има многу работи да се пишуваат па да започнеме.




Речиси немаше човек кој не ги напаѓаше админите зошто нема награди за роденденот, бидејќи ако не се лажам, претходните години пред роденденот почнуваше дарувањето на играчите, годинава ден пред него. Сепак наградите се тука и се надевам дека сите ќе ги искористите.

Бонусите започнаа од вчера каде за сите имаше 100% повеќе штета од страна на Плато, како и епски битки кои даваат х3 престиж поени наместо х2.

Покрај ова, познатиот стример ClopoTV имаше два сензационални стрима каде се поделија огромен број на награди, а секако најпривлечна беше наградата од 10.000 голд која вчера беше доделена на Украински играч, и 1.000.000 денари претходната вечер. Единствено за одбележување беше добивката на LazaPFC од 500.000 денари на неделната пирамида, додека вчера за жал Македонските играчи немаа среќа и освен извлекувањето на NENODS за 40 голд на пирамидата други награди за нас немаше. И покрај тоа до самиот крај беше екстра тензично и супер интересно.




Еве го банерот од еРеп со бесплатните награди:



МНОГУ ВАЖНО во врска со наградиве е тоа дека треба да се логирате во сите 10 дена за да ги добиете сите 10 награди. Доколку промашите да се логирате некој ден следниот ден ќе ја добиете наградата од претходниот ден. Пр. на 4тиот ден не се логирате да земете наградата, следниот ден кога ќе влезете наместо 5тата награда ќе ја добиете 4тата и ќе бидете наградата поназад.

Првите две награди беа:

1.

Куќа со 1.000 енергија во времетраење од 10 дена

2.

100 енергија надополнување на 6 минути во времетраење од 10 дена (ТОТАЛНА ЛУДНИЦА)

Наградите сеуште не се сите до крај познати и цело време се погодува што би можело да биде следно.




Би сакал да потрошам дел од вашето време со една мала весела математика која ја направив во врска со ова 100ка за полнење.

Оваа математика ќе ја поделам на два дела:

1. Престиж Поени

Без пукање во ЕПИК и максимална употреба на ФФ во текот на целите 24 часа со полнење од 140 (100 од Плато + 20 од ПП + резиденција, куќи) би стигнале до 23к пп поени, околу 3.3к на ден. Имајте на ум дека ова е пресметка на минимум ПП на ден, значи другите денови кога ќе земате повеќе енергија за полнење ќе добивате и повеќе ПП во денот. На неделно ниво вака на минимум ПП би стигнале до 23к, но како што кажав и погоре броката сигурно ќе е до 30к.

2. Тенкови и леб

Без пукање во ЕПИК и да трошите максумим ФФ 24 часа ќе ви требаат во просек 2.3к тенкови неделно или 330 на ден, но поради поголемото надополнување што ќе го имате оваа бројка ќе расте. Затоа јас ви предлагам кога ќе бидете во проблеми со q7 тенкови, да си пукате со q6, бидејќи q6 тенк + 50% бустер = близу нормален q7 удар без бустер. Значи ќе поминете ем поефтино, ем истото ќе ви биде како да пукате со q7 тенк, а доколку пуштете 100% бустер на q6 тогаш ќе биде приближно исто како да пукате со q7 и 50% бустер.

Ако го трошите цело ФФ во 24 часа 7 дена во неделата ќе ви бидат потребни приближно 33.000 енергија дневно да надополните или над 230.000 енергија неделно.

Според ова за 7 дена за да надополните минимум енергија ќе ви требаат:
- 115к q1 леб
- 57к q2 леб
- 38к q3 леб
- 29к q4 леб
- 23 q5 леб
- 19к q6 леб
- 11к q7 леб

Цените постојано се качуваат така да тешко е да се најде соодветна цена за пресметка.

Знајте дека ова е минимум пресметка за потрошувачката на леб како што ќе ви се зголемува надополнувањето така потрошувачката на леб ќе расте.

За лебовите нема спас како за тенковите, така да Господ да ви е на помош.




Да се навратиме на ПП поените. Плато за нас подготвил и нови скинови на тенк и за прв пат авио скин.

Скинот за тенкот можете да го отклучите со 40к пп и изгледа вака:



Авио скинот можете да го отклучите на 60к пп и изгелда вака:



И за крај, не заборавајте дека црниот петок е токму овој петок што доаѓа на 24ти каде се очекуваат доста големи попусти и изненадувања.

БОНУС НАГРАДА

Отворете си го маилот и таму има награда од Плато:



Се надевам дека сте задоволни од статијата, и доколку имате некаква сугестија слободно пишете во коментар да дискутираме и по потреба да поправиме некаква моја грешка.

Министер за Информирање

akconel