Последен Поздрав [VOIX]

Day 1,876, 10:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонци!

Втора статија пишувам денес... но оваа е последна за секогаш...

Знам дека многу пати сум напишал дека е крај..., но секогаш тоа било на збор... изгледа денес последен ден ќе се дружиме.

Ги избришав сите фирми и со нив собрав 3600 злато, тоа злато го претопувам во МКД и сите ќе му ги донирам на деда_мраз, деновиве тој ќе направи голема поделба... дали ќе биде поделбата во МКД или во тенкови на вас останува да одлучите...

Статијата на деда_мраз


Тоа е последното нешто што ќе го направам за еМакедонија. Не го пишувам ова во нервоза или такво нешто... баш напротив. Посмирен сум од кога и да е и одлучив дека е доста. Во животот, а и во играва сите доаѓаме и си заминуваме. Запознав одлични дечки со кои ќе продолжам да комуницирам и понатаму во животот. Сеуште се надевам и во моето збогување дека ќе ве оставам како МАКЕДОНЦИ и како ништо друго!

Исто така сакам да ги поздравам сите Бугари, Срби, Чилеанци, па дури и моите непријатели.

Ако сум му згрешил нешто на било кого, тоа било ненамерно.

Искрено се надевам дека од моево откажување ќе произлезат убави работи... искрено се надевам дека нешто оставив овде јас.

Поздрав Македонијо! Македонија вреди да се борите за неа...

П.С - Акаунтот нема да го дадам на никого... ќе умре...



о/