Послушајте патриоти [VOIX]

Day 1,848, 11:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Музичка поддршка!

Зарем ќе заборавите се што се случи порано?

Да Полска ни згреши многу!

Но, зарем заборавивте што Турција ни направи? Зарем заборавивте како ни го свртеа грбот и не нападнаа? Да дирекно не нападнаа заедно со Грција! Не избришаа! Не избришаа и не навредуваа после тоа! Правеа да испаднат тие прави, а цел свет знаеше дека се предавници!

Зарем заборавивте како сите се колневме дека Турција ќе плати за се што ни направила? Кога беа силни и кога неможевме да мрднеме само чекавме прав момент за да се одмаздиме!

Дојде време за таа одмазда! Некои сакаат тоа да го сменат! Без ниту малку достоинство и размислување! Само луѓе без достоинство ќе пукаат за Турција!

Да не ме разберете погрешно. НИКОГАШ не викам да пукате за Полска! Нема да ве лажам... јас нема да пукам за Полска никогаш повеќе! НО, нема да пукам никогаш ниту пак за Турција! Еднаш предавник секогаш предавник!

Таа не е наша војна! Треба да стоиме на страна и не секаде да го пикуваме носот!

Ако стварно се сметате дека ја сакате Македонија, ќе стоите на страна и ќе ја чекате нашата војна!

Македонци! Нека не ве залажува еден или двајца луѓе! Достоинството е најважно од се! Немојте да го губите, затоа што со тоа се губите самите себе! Доаѓате во позиција и сами да не знаете кои сте и што сте!

НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ПУКАТЕ ЗА ТУРЦИЈА! УШТЕ НЕМААТ ПЛАТЕНО ЗА ТОА ШТО НИ ГО НАПРАВИЈА!

Македонија е вечна!!!

ЕДИТ: Утре Бугарија ја напаѓа Турција... ќе имаме сите каде да пукаме! За нашите најголеми сојузници!