Македонско воздухопловство [VOIX]

Day 1,725, 08:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Како што знаеме Плато уште еднаш не изненади со нова промена.

Сега државата ќе може да нападне која било друга држава која не се граничи со неа... Ај да не должам многу во врска со променава, затоа што имаше еден куп статии, како што е оваа во која што можете да прочитате за што се работи во промената.


Еве како изгледа идната промена...

Како што можете да видите на сликата во Македонија се собрани 1% од средствата за храна и 3% од средствата на пари!

Овој напад може да биде многу важен во иднина за нас... немора да значи да се искористи веднаш, туку може во иднина да треба да преселиме ресурси, или пак главен град на некој друг крај на светот. Поради тоа сметам дека треба спремни да го дочекаме почетокот на оваа промена.

Само за информација погледнете колку имаат собрано Бугарите:



Е сега морам да кажам дека нема потреба да се наполни целосната донација, но убаво би било да се надополни одреден процент од парите и храната.

100 МКД или 2-3 леба од секој од нас нема да не направи еБогати или еСиромашни, а Македонија ќе биде спремна и ќе има уште еден трик во ракавот против нашите непријатели! Најдобро е кога непријателите се изненадени!



Ајде до сега сме донирале на сите што им требало помош, а сега потребна и е помош на Македонија!


СИТЕ ДОНАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАПРАВИТЕ НА ОВОЈ ЛИНК


П.С

За да нема забуни, донациите кои ги правите во авионскиов удар се поврзани со трезорот на еМакедонија, што значи со секој закон за донирање на пари во НБРМ, ги повлекуваме парите од Залихата за Авионот...
Тоа значи дека е многу подобро да се донира ЛЕБ отколку ПАРИ. Сепак на каков и да е начин помагаме на еМакедонија! о/


П.П.С

Доколку сте во можност прво донирајте го лебот, а подоцна ќе се соберат парите...