[VanCho] еРеп собиранка во Скопје (Сабота 25.08)

Day 1,739, 05:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Драги мои, ќе бидам краток 🙂

На ден 25-ти Август (Сабота) 2012-то лето Господово, во официјална посета на главниот град на еМакедонија, Скопје, ни доаѓа висок претставник на владата на еСрбија, задолжен за добрососедските односи помеѓу нашите две еЗемји...

Да не го тупам многу, во посета на Скопје ни доаѓа познатиот Raziel_Blaze или по нашки Резил_Блажо 🙂

Пречекот на почитуваниот гостин ќе се случи во Сабота, во 18 часот на плоштад Македонија во Скопје, пред споменикот на Цар Самоил, веднаш до фонтаната на Аце наш 🙂



Поканети сте сите, без разлика на возраст, пол, еРеп искуство, вероисповест или пак политичко убедување 😃

Дојдете да се дружиме и да го покажеме добропознатото Македонско гостопримство.

Значи се собираме на плоштад од 18:00 до 18:15 и во зависност од бројката ќе одлучиме каде ќе седнеме да се напиеме по некое пивце и да си помуабетиме...ако некој доаѓа покасно пишете ми во порака да ви дадам број да се чуеме

Поздрав и бацуфки за сите 🙂
МнМ о/

пс: Дајте по некој шаут не бидете срамежливи:

[VanCho] еРеп собиранка во Скопје (Сабота 25.0😎
http://www.erepublik.com/en/article/-vancho-25-08--2108063/1/20