Македонија после Струмјанин [TOP 5]

Day 1,228, 00:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Поздрав Македонијо!
Значи прво да започнам со честитки за нашиот сеуште актуелен претседател на еМакедонија. И јас исто како и останатите 99% од граѓаните сум премногу задоволен од тоа што го постигна Струмјанин и на наредниот претседател ќе му биде пеколно тешко да го достигне истиот успех како него. Но.... има едно големо но. Вчера Струмјанин ја напиша својата претпоследна статија како претседател и видов многу во коментарите дека после Струмјанин ќе не избришеле, ќе сме пропаднеле. Па зарем ние Македонците зависиме од еден човек? Не сакам да бидам разбран погрешно, значи ако можеше јас Струмјанин би го ставил доживотен претседател исто како што би направиле и многу други, но човекот неможе да си го запостави приватниот живот само за нас да ни прави забави! А тие што мислат дека после Струме Македонија ќе пропадне страшно се лажете. Значи ние сме силни и сигурен сум дека има барем уште неколку еМакедонци што би можеле да направат барем приближно добра работа како што направи Струме.

Сите ние ја играме оваа игра за Македонија. Барем поради тоа сме почнале и сигурен сум дека и Струме ќе биде тој што ќе биде најсреќен ако ние и после него останеме силни како што сме! Затоа ве молам немојте да губите надеж и мотивација и мора да размислуваме победнички затоа што Македонскиот народ е пиреј и никој неможе да не уништи!!! Продолжете поради МАКЕДОНИЈА