[SaJrUs] Завршно еПретседателско обраќање

Day 1,812, 13:46 Published in North Macedonia North Macedonia by SaJrUs


Здраво и чао Македонијо од вашиот еПретседател за месец Октомври!!!


Дојде и крајот на овој пеколен месец, незнам на вас како ви помина ама јас слободно можам да кажам дека на моменти бев на раб на нервен слом на моменти бев премногу горд на она што се случува, измешани емоции, радости/кавги, достигнувања и порази.
Се на се големо искуство и страшен е предизвикот на кој човек треба да одговори од оваа позиција, игра е, ама сепак одговараш и си суден за постапките од луѓе позади тастатурите кои знаат да бидат многу сурови.
За мене начинот на кумуникација е најголемиот отежнувач во целокупното водење на државата.

Изминатиот месец според мое видување беше солиден, не е месец за величење ама далеку е од пропаднат месец.
Ја презедов функцијата во еден многу бурен и тежок период направив се за да не бидеме избришани за кое шансите беа големи, целиот мандат ги имавме и ЕДЕН и USA (ЦТРЛ) на вратот се боревме машки и успеавме да сочуваме она што вреди, за да се продолжи на малку помирен месец каде би можеле да се консолидираме и да си ја зацврстиме економската/дипломатско/внатрешна состојба во државата.



Бескрајно сум благодарен на мојот тим кои се жртвуваа и беа со мене во добро и во лошо, работеа напорно секоја минута во денот и беа заслужни за сите добри работи кои се случија изминатиот месец.
Верувајте секој на оваа функција би сакал да ја има подршката која јас ја имав од моите најблиски соработници.


Сакам да издвојан неколку моменти од овој изминат месец како ретроспектива на тоа што се случуваше 🙂


1.Се почна со ЗОКИ кога ми пиша ова

Најголемиот поборник за моја смена е виновникот и за победа 😛


2.Откако станав еПретседател бев уценуван од масонската ложа

Се договоривме 😉


3.Дипломатско работење

Црниот за Преседател!!!


4.Еден од најсветлите моменти во месецот

Hail LEA/LiGAP!!!


5.Вратен регион со 1 изгубен поен

Мислам дека се нема случено уште еднаш 🙂


5.Чизмата никогаш не била по шарена

Како од шутка да е 🙂


6.Еден од најголемите порази кои ги доживеавме на војно поле.

За мене најголем!


7.Акција USA надвор од Европа

Cheeseburgers out!

8.Референдумот и враќање на Апулиа

Разумно решение.


9.Импичмент гласан од две конгрес гарнитури

Штета не успешен


10. Македонија во COT

Јагода на шлаг 😛


Што да ви кажам друго, мандатот го протеравме најдобро што можевме, секогаш може подобро секогаш може полошо.
Им посакувам многу среќа на сите наследници на оваа функција, јас ја немав во изобилие ама затоа им ја посакувам на другите.

Наредниот месец ќе се рефабилитирам дома во прегратките на "првата дама" во мојот живот (денес и е роденден, нека и е среќен ) и многу алкохол и реално дружење.
Овој месец ви го посветив вам виртуелните пријателчиња, наредниот месец е само мој, вас ве оставам во подобри раце и времиња.

Ќе си продолжам да бидам подано војниче на нашата Македонија ама НИКОГАШ повеќе нема да истролам човек на оваа функција без оглед на ситуацијата и потезите кои ги прави, и вас ве замолувам да не го правите тоа затоа што не е од помош само одмага во работата, секој пријателски совет е добродојден.

Уште еднаш благодарам на сите што ми го овозможивте ова искуство и ми ја сменивте перспективата на играта, сега сум еден друг SaJrUs 😉

!!! Македонија на Македонците !!!



SaJrUs о/