[Reksac MKD] Почетокот на крајот!

Day 1,441, 18:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Reksac MKD

Премногу е страшно, да се случи настанот кој го обележува овој мој текст во насловот! Премногу километри имаме истрчано, премногу фурни леб имаме изедено, за некои фаци да ни го уништуваат мирот и спокојот кој делумно го уживаме. Премногу напори биле вложени и сеуште се вложуваат за гордиот Македонец да остане со прстот во уста (народски кажано). Нели е глупаво и пред се неблагодарно, сами да се убиеме во поим! Другите не успеаа, зар ние самите ќе си го ископаме гробот?



Имало и ќе има јунаци и херои, предавници и арамии, но дали сега ќе подклекнеме? Дали сега кога веќе конечно сме стабилни, кога конечно Грција реши да се сели на друг дел од светот, кога е решено да се ловат утки? Дали сметате дека сега е моментот кога треба да се усере цел момент на стабилност, непобедливост и обединетост. Секогаш има некој кој ќе заебе работа, било од едната страна или од другата, но драги мои Македонци, за кавга и љубов се потребни двајца! Секогаш ќе се наоѓаат такви карактери кои баш кога нетреба ќе ја усерат работата. Искрено работите ќе беа подобри ако некои луѓе никогаш не проговореа и некои луѓе не си ставаа се при срце.



Се надевам дека работите ќе се свртат на подобро, како што секогаш правиме, секогаш ќе има некоја добра карма, која ќе не зближи пак, некој кој повторно ќе ги донесе ривалите на бојното поле заедно да војуваат. Верувам дека заклучок се донесува исклучиво со ладна глава, но сепак ќе остане тоа што е кажано, а кажани се многу тешки зборови. Останува само да се надеваме дека работите ќе си легнат на своето лежиште и ќе се вратат како што беа до скоро.



Се надевам дека во иднина ќе добиеме претседател каков што заслужуваме, претседател кој ќе биде по примерот на претседателот во заминување. Личност која ќе ги одржи работите во контрола и ќе не води повторно до победа. Непристрасно изјавувам дека сегашниот претседател е една од работите кои по добро ќе ги памтиме, ние еМакедонците! На тешки маки ќе бидеме на 5ти овој месец, ќе треба да го избереме правиот човек кој нема да се избламира и ќе одржи баланс, како на воен план така и на политички план. Сметам дека на тој начин ќе ја покажеме зрелоста како еДржава и ова ќе биде многу одлучувачки чекор за нашата еНација.



Истотака би сакал да се изјаснам дека никој не ме платил да манипулирам во негова полза, што е доказ дека работите ги гледам од глобален аспект. Никому не му се улижувам, никому не забивам нож во грб, бидејќи ова сум јас, ова се мои зборови, со единствена цел, да и помогнам на мојата еТатковина кога и треба, да кажам добар збор и да се надевам дека сум направил добро дело, а не да плукам или набедувам, за нечиви постапки или зборови. Само по овој пример ќе ги исполниме зацртаните цели и ќе останеме успешни, само ако се држиме цврсто и си веруваме. За тоа треба да имаме прав човек на функцијата претседател, затоа уште еднаш би ве замолил да размислите за кого ќе го дадете вашиот глас на 5ти овој месец.



I belive in Macedonia!
Do you?
- …….

With respect
Reksac MKD