Случај "Lazio 16"

Day 1,890, 08:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Only one Macedonia

Не ми се веруваше тоа што видов, па си реков да прашам:




- Дали е ова наш играч или храниме непријатели во нашите воени единици?




Ќе објасни ли некој што се случува?



Во неговиот профил Lazio 16 си напишал:





Вели дека друг јазик освен англиски не разбира, што се подразбира дека не знае ни Македонски, а сепак "прозборе" на како што мене ми "звучи" индонезиски јазик. Па дали (Google-translate) фолира или не тој си знае, но јас би рекол само едно:


Незнам дали бев доволно јасен но навистина мислам дека воените единици треба да донесат некои правила во врска со ваквите околности, и ако се докаже некој дека со "наш камен не удира во глава" треба едноставно да се отфрли од единицата, па нека си пука тој пак против нас и нека го носи нашето државјанство, но барем нема нашите воени единици да го ранат за да пука против државата а и нив самите. Точно е дека неможе да се процени наеднаш за какви личности станува збор па спрема тоа да се прави некаква селекција за membership, но после тоа и кога ќе се приложат факти не треба да има изговор од било која страна.

Точно е исто така дека ОВА Е САМО ИГРА но и во играта главната цел е ПОБЕДА а не пораз, што со вакви типови сигурно нема да ја постигнеме. Затоа ако сакате да играме на победа тогаш треба да порабодите на овој предлог.

ЈАС САКАМ ПОБЕДА, А ВИЕ?





Only one Macedonia