[PhoenixMK] еRep собиранка во Струмица но не на улица (photos inside)

Day 1,372, 07:02 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK
Здраво живо народе

Во момент на напнатост поради дешавките пред некој ден и тешки битки се решив да пуштам статија и да ви ја презентирам струмичката собиранка оддржана во недела на 21.08.2011. Се надевам на кратко ќе се расположите и ќе сфатите за што најмногу вреди играва.

Планот за помасовна собиранка на струмичани и играчи од поблиската околина беше направен на најпрвата оддржана струмичка собиранка во јули. Mac3donia и јас како организатори најпрвин планиравме собир на Колешинскиот водопад и правење скара но тоа беше премногу комплицирано да се организира но на крај идејата за собир повторно оживеа од страна на Mac3donia. ОК, решивме да ја организираме собирката на "Ловен Дом", еден од најпрепознатливите и најценети ресторани во Струмица. Се наоѓа под Царевите Кули и пружа прекрасна панорамска глетка на целиот град. Резервиравме триесет стола (плус/минус). Сите заедно од плоштадот “Гоце Делчев” требаше да одиме директно таму но се измеша планот у последен момент. Зошто? Ееее па кога ќе ти се најави мафијата дека ќе дојди се ХАОС се прави 😃

Мафиозата од АрМакедон, Хаос, МТО, Волци и Панзер дојдоа порано од Скопје и демек на водопади ќе одат прво ама па чучнаа на “одмор” во Студио кафаната. Ајде тројца струмички водичи таму отидовме да ги ѕирнеме што прават а Mac3donia ги пречекуваше останатите на плоштад каде што и првично беше планот да се оди. Одам и што да видам, гозба невидена xD мислиш свадба се прави. МрФки и пиво на кило, кој со вклучени лаптопи и телефони и пукаат...шо прават бе овие? Си велам абе ќе зборувам со менаџерот на “Ловен Дом” да го секнат wi-fi-то ама ај им се смилував. Очекував да го видам и Струмчо ама непосредно пред да тргнам се вклучи кај нас на Армакедон каналот и рече дека не знаел за собирот. Ех, како бе брааа повеќе од една недела се вртеше бе статијата плус у Скопје ти кажав дека се планира ама не си ме слушааал. Епа за казна, мастиката која ти ја чувам уште од мај сеа му ја поклонив на Boban Mitrovski (и тој за ќотек) ама и тебе ти чувам една да знааш ама ќе си дојдеш во Струмица и ќе си ја земеш 😃 пошо во Скопје нема да бидам.

И така велам, таа екипа не успеавме да одиме на плоштад и заедно со сите останати да одиме. Ајде дојде есап 7к gold (бате Ване плати секако) и тргнавме конечно ама се јави хроничен проблем. Пушачите паднаа у криза за цигари xD. Недела, во блиска околина продавниците затворени...криза братко 😃 Ајде ги прошетавме панорамски по Струмица и застанавме пред Тобако и Глобал да се снабдат ама првиот пат fail па ајде од втор обид. Се испопаркиравме четири коли сред раскрсница, фалеше само сини оркестар и да ни екнат билетче. Лавчан искупи 5-6 кутии наеднаш, напушан еден 😃

Стигнавме и наместивме уште три дополнителни маси. Дефинитивно, најбројна собиранка после онаа во Скопје. Фалеа само кумановци 😃 Претходно не им најавив на останатите дека нашите тенкаши ќе идат па кога се појавија во ресторанот сите беа со отворени усти и насмевка. Присуството на ScymeX, Aexil Kong, Mudash, Kanopy, Lavcan, Don Tas, Mia Coluci, VanCHO, Fricke, Spiro, Boban_M, Alzdra и Makedonka88 кои дојдоа од Скопје специјално за собиранката даде посебен шмек. Многу ми е мило што дојдоа иако беше ужасно жешко а поминаа толку километри. Радовишани дојдоа, DanakMKD, Trajce Kocev, Leader of scorpions и Andonov Branko, VikiMKD ни дојде од Штип, Grepce од Гевгелија, а струмичане беше полно. Струмичко лоби у состав: јас, Mac3donia, Cyril, Djuk75, EricaZ, Tashanka, SophieD, eMacedon, Archibold, HackerM, Dragonce, Vane R, Nakev, atanas bajraktarov, macedonian6, Hinder11, GokiSr (не ги помнам сите, кој заборавив нека ми пиши) . A r a g o r n очекувавме да ни се јави по втор обид ама пак не ни дојде xD отишол да ја освојува Егејска. Уааа!

Се дозна за НАП-от и тоа внесе малку негативна енергија кај сите. Почна да се прави муабет на сите страни за тоа и да бие нервоза и неверување но на брзо повторно се врати првичното расположение па и почнаа да свират староградска музика во живо. Ванчо постојано се упикуваше кај шо треба 😃 па едно време заигра и танц, Лавчан постојано го караше, ја и Спиро со шише пиво во рака цело време бевме на нозе (богами не седнав цел ден како човек) девојките се кикотеа и шепкаа а келнерите глава не можеа да кренат и да ја послужат целата гарда сместена на 15+ метри должина споени маси. Се изнасликавме, се изнасмеавме, правевме дополнителни стратегии за МК, кој ќе прави далавери, кој ќе тепа некого, кој сакал еЖена...

На крај ни дојде сметката 12к gold (Ванчо повторно плати). Еден од келнерите ми рече дека последните тури мрфки се од куќата па не биле дополнително внесени во есапот. Епа, пак да ни дојдете 😃

Навистина оваа собиранка ги премина сите мои очекувања, беше весело, се надевам сите си поминаа убаво и се задоволни. Особено ми е драго што присуствуваа луѓе од други градови и ги запознав за првпат, луѓе со кои се дружам и во Скопје и во Струмица, се надевам дека повторно ќе се повтори собиранкава. Ова ја прави играта интересна, дружбата. Во играва можете да се карате, заканувате, навредувате незнам ти што ама кога ќе се видите очи во очи ќе се насмеете и ќе си кажете абе добро, што правиме ние? Пример Fricke i Mac3donia, постојано се дружеа. До нареден собир и до наредно видување.

Ваш
PhoenixMK
Од Струмица, но не на улица 😃

п.с. Бобан_М си ја заборави мастиката што му ја подарив (мастиката наменета за Струме) на мини собиранката.
п.п.с по завршувањето на големиот собир си ја врати мастиката но повторно ја заборавил во колата на Дон Тас. СРАМОТА! Бобане, таквото несериозно однесување кон таква ствар ме разочара, повеќе од 4 месечното чекање на Струме да си ја подигне 😃 Ама тоа што се врати назад да си ја земеш донекаде те извади од калта 😃
п.п.п.с Ванчо стварно играше стриптиз 😃
п.п.п.п.с Спиро се правеше ака Бандини и мешаше на староградска музика
п.п.п.п.п.с Знамето е на ВанЧО, за жал не успеав да го украдам :/

дополнителни слики и цензури тргање само со АМИН од горе 😃 така да не ми пишувајте ќе ве известам ако има едит!










АрМакедон + натурализираните АрмаХаос (Лавчан и Спиро) 😃






Екс лавиците пребегали у АрМакедон и Волци


Fricke че ве банира сите!
















не го пуштаа нашиот еБог во колата греота 😃


На Лавчан цвиЌерите 😃