[PhoenixMK] Научете се да ги почитувате другите и нивниот труд

Day 1,444, 08:26 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK


Здраво еМакедонијо.

Не сум напишал статија речиси четири месеци нити планирав да пишам во скоро време но некако сум револтиран од последните случувања во еДржавава па морам да се издувам.

Оддамна ме мачи лакомоста, недисциплината и огорченоста што постои во еМакедонија. Премногу лицемерие а и многумина се влезени во невиден филм и забораваат дека се наоѓаат на игра. Секогаш караници, никогаш сложеност.
Најмногу од такт ме вади бркањето на медали и особено во период на решавачки битки на штета на нашата државичка (сега голема држава). Не сум човек кој сака да се кара и меша во туѓу чорби туку сум човек кој секогаш настапува дипломатски кон се но како и секој друг, и јас имам лимит на толеранција.

1.БХ медали
Во последно време почнавме и на рецепција да идеме за резервација на БХ медал. Не дај Боже човек да земи да тенка во резервираната битка. Ем ќе го мрдни и држи ѕидот, ем ќе ти се*ат "ми украде БХ медалот пич** ти мајчина" а може да те сполета и некоја закана по живот. Можам да претпоставам како им е на тие што нон-стоп тенкаат, како на пример ScymeX, Mudash, Aexil Kong, Kanopy... сигурен сум дека кога и да избијат на топ позицијата веднаш им светнува инбоксот "брат, бла бла бла, може да те преминам да земам БХ медал"? И да е ѕидот 90%, и тенковите наши се играчи, и тие треба да земаат злато од некаде а не само да даваат други да земаат медали. Јас сеуште немам ниту BH, ниту CH ниту RW медал а имам речиси 6000 сила и 4м воен ранк. Ова е трка, ако некој има можност да ме премине ќе го искористи тоа.
Пред недела дена во тешка битка истенкав 1.300.000 во Егејска, позади мене беа Maya & ScymeX. Го истрошив сето злато и 5те базуки кои ги склопив. И пишав на Маја слободно да ме поминат ако планират да пукаат. Луѓето останаа позади мене, но почнавме да губиме и најнормално, требаше некој да истенка за да ја добиеме битката. Сепак, ја изгубивме битката и што треба сега јас на ScymeX да му се лутам, да му пишам пораки и коментари, ти ми украде БХ, изгубена беше не требаше да ме преминеш ти таков-ти онаков незнам што... пукавме заедно за да ја добиеме битката. ОВА Е ТИМСКА ИГРА ЛУЃЕ! ОВДЕ НЕМА МОЕ-ТВОЕ. Ако сакаме да просперираме, треба заедно да работиме како тим, а не на кого како ќе му текни, јас бојкотирам, јас вас ве презирам...

2. Постојано обвинување други за поразите
Тоа е веќе редовна пракса. Секогаш поединци се виновни за се, другите се света вода. Се нервирам кога обвинуваат поединец од воена единица како директен виновник за поразот а особено кога многумина спамат по шаути како тоа нашите тенкови биле себични, си гледале само за себе не и за другите или пак. АЛОООО, ова досега за кого е правено бе? ЗА НИВ САМИТЕ ИЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА ВАС? Луѓево трошат големи суми на пари за еМК и за вас како македонци да ојачете а вие им се**те врз глава. Не сте единствени што играте. Вие чувајте си ги понатаму чоколадите и базуките за БХ медал и ќе си чекате нова рунда за да ги испукате иако сме губеле во претходната рунда и ни бил потребен секој инфлуенс. Тенковите нека ќе ја вршат сета работа за вас во тешките битки нели? Срамен беше поразот од Кина, од 7-0 не победија со 7-8. Зошто изгубивме? Е баш поради тоа, чувајте си ги пак вие зимниците за да си фатите бх медалче наредна рунда или во некое востание а тенковите се тука за вас да пукаат, тие секогаш ќе го држат ѕидот. Како сте се навикнале да се однесувате од времето кога ScymeX почна да ги е** гејците без вазелин... невидено. А пукнеше човекот, веднаш се разбегувавте да бркате медали бидејки нели се сметаше за добиена битката каде ScymeX е присутен. Кога ќе почнеме да губиме ресурси и територии, тенковите и Претседателот ни биле криви, не пукале доволно. А КАЈ ПУКАВТЕ ВИЕ БРЕ? ПУКАВТЕ ЛИ ВООПШТО? ПОМОГНАВТЕ? Абе да има можност, муцките т.е. прстите со рибарски конец ќе ви ги сошијам.

3. Генерализирање и етикетирање
Редовна пракса во еМК стана етикетирањето на кандидатите за конгресмени и претседатели како марионети,предавници, лопови и што ли уште не околу нивната способност. Кои сте вие бе да покажувате со прст спрема друг за тоа каков е/бил? Сте го запознале во живо па да знаете каков е? Сте комунцирале ли со него преку пораки и чет пред да почнете да тролате против него? Сте направиле вие нешто? НЕ! Излезете од филмот во кој глумите, и престанете да мешате баби и жаби. Смачено ми е од вакви глупости. Партии и идеологии подржувајте си во РЛ. Теории на завери и бришење мозок праќајте им на луѓето од MythBusters i Zeitgeist за да одлучат дали е точно или не.
Доколку досега никогаш не сте се нафатиле на одговорна функција (CP, мод, мофа, економија итн.), НЕ СЕ НИ ОБИДУВАЈТЕ ДА ПЛУКАТЕ ДРУГИ КОИ ГО ПОМИНАЛЕ ТОА! Ако не се согласувате, дајте разумни предлози и критики. Можеби грешеле, но БАРЕМ СЕ ПОТРУДИЛЕ ДА ОСТВАРАТ! Трудот е важен, а другото има кој да го оцени, тоа е народот. Не сте вие како поединци тие кои се овластени да одлучуваат во име на сите чиј мандат бил не/успешен, и кој што/како остварил во остварувањето на својата функција.
Затоа не се резилите а и ќе не спасите и нас другите од вашите секојдневни очајни кукања за центар пажња. Лесно е да солиш памет со скрстени нозе од страна, но друго е кога ќе се нафатиш. И сеуште многумина солат памет и очајно се обидуваат да прикажат други како недостојни за нешто а ако им спомнеш да сторат нешто, виткаат опашот и бегаат. Кога немате аргументи, не почнувајте дебати. Само слабаците и искомплексираните навредуваат други на виртуелна игра. Внимавајте, некогаш може да се изгорите. Факт е дека не може да секого да му се угоди но барем бидете реални и разумни, комуницирајте на нормален начин.

Верувам на повеќето им се смачено да читаат дежа-ву работи, некои од нас овде играат за да се издуват од РЛ, да се забавуваат и дружат а напротив, го добиваат спротивното. Стандардно, од мува секогаш правиме слон од се и сешто, и нормално, повеќето се заситуваат од играва и напуштаат. Мене ми е смачено оддамна од некои работи но не дозволувам тоа да ми го поквари расположението нити ќе дозволам да ме оддалечи од играва. Јас оваа игра ја играм заради луѓето кои ги запознав, кога сум во можност секогаш одам на собиранки и се запознавам со луѓето...нити сум се карал, нити расправал со некого досега но си признавам дека обожавам да ги нервирам оние кои ми ја плукаат единицата без основана причина и аргументи. Иронија рулз 😃.

Им препорачувам на тие кои играва ја играат за да се постават како супериорни и прикажат себеси како бранители на народот, нека се нафатат на функција (доколку навистина мислат на народот) и покажат способност или нека седнат на по една пијачка во РЛ со другите и нека се освестат што прават на една игра и дали им вреди сето тоа. На крај краева, не кукајте кога ве напаѓаат, почитувај го другиот и неговиот труд за да бидеш почитуван и ти. Најважно од се, обиди се да му помогнеш на друг кој се труди а не да му одмогнеш..

Најтрагично е што помина цела година а сеуште тапкаме во место во однос на внатрешните проблеми, и се сомневам дека наскоро ќе се среди на подобро. Се додека не се научиме да ги цениме другите и нивното сработено...тешко нас...можеби ако паднеме во месечна окупација или останеме едвај 1000 луѓе на играва ќе ни чукни во глава на сите дека цело време сме биле (како што напиша Goran Vodovodata) - ретардирани.

ЗАПОМНЕТЕ- Никој нема лична заслуга за додавањето на еМК, сите стари играчи се заслужни за тоа,никој Претседател не е лично заслужен за сите негови достигнувања туку еднакво заслужни се и неговиот тим и граѓаните на еМакедонија а поразите треба да не зајакнат а не уште повеќе да не разделуваат и да се обвинуваме кој повеќе придонел а кој не. Не повикувам да се согласете со мене, но сакам да размислете...

Како што рече сега веќе покојниот чичко Али Риза - "Нека биде што биде".

Ваш
PhoenixMK


Shout
[PhoenixMK] Научете се да ги почитувате другите и нивниот труд
http://tinyurl.com/642cp68