[Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(6) - Скопје

Day 1,480, 06:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Petar II Makedonski

Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/46/MK_Skopje.PNG[/img]

1.Историја:
Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4 000 г.п.н.е. Скопје за прв пат во документи се споменува од Клаудиј Диоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај Пајонското племе Агријани, кои живееле на овие простори.
Според историските податоци, во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град. Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен. Во 19-от век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт. За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на Бугарските и Австро-унгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до 9 септември 1944. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од германската фашистичка окупација. По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.



2.Население:
Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина во град Скопје е Гази Баба со 72.617 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км², а најмала е Чаир со 3,5 км².
Последниот попис на населението е правен во 2006 година. Според тоа во градот Скопје има 668.518.

3.Туристички места:

[img][/img]
Чифте Амам


Саат кула


Даут Пашин амам


Феудална кула

[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b5/Sveti-Spas-Skopje-MK.JPG/250px-Sveti-Spas-Skopje-MK.JPG[/img]
Црква Свети Спас


Тврдина Кале (Скопско Кале)


Капан Ан

[img]http://imageshack.us/photo/my-images/394/clipimageuf1.jpg/[/img]
Езеро Козјак


Куршумли Ан


Марков манастир


Кањон Матка


Света Богородица Матка



Милениумски Крст


Мајка Тереза


Мурат Пашина џамија


Стара железничка станица

[img]http://imageshack.us/photo/my-images/230/matka26mtrajkovskipz1.jpg/[/img]
Манастир Свети Никола


Манастир Свети Пантелејмон


Антички град „Скупи“

[img]http://media.photobucket.com/image/%25D0%25A1%25D1%2582%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25B0%20%25D0%25A1%25D0%25BA%25D0%25BE%25D0%25BF%25D1%2581%25D0%25BA%25D0%25B0%20%25D1%2587%25D0%25B0%25D1%2580%25D1%2588%25D0%25B8%25D1%2598%25D0%25B0/volan-sko/7-1Small.jpg?t=1246570796[/img]
Стара Скопска чаршија


Камен мост


Сули Ан


Црква Света Богородица


Пештера Врело

4.Познати личности:
Јустинијан I
Мајка Тереза (Агнеза Бојаџиу)
Милчо Манчевски
Мајк Зафировски
Симон Трпчески
Срѓан Керим
Бранимир Штулиќ - Џони

5.еСкопјани:
(бидејќи се многу командирот на секоја единицата да ми пише 5 члена)

За ШАУТ: [Petar II Makedonski]Запознајте ја МАКЕДОНИЈА(6) - Скопје - http://www.erepublik.com/en/article/-petar-ii-makedonski-6--1920990/1/20


ВИДЕТЕ ИСТО ТАКА:
Охрид
Струга
Дебар
Гостивар
Тетово