Ambient on/off

Join the new world

 

[OЦМ] Запознајте се со Вашата ПРОФИЛ СТРАНИЦА

Day 1,181, 12:37 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Ministerstvo za Obrazovanie

Почитувани граѓани на еМакедонија,

Како што веќе знаете Образовниот Центар беше формиран од страна на Министерството за Образование со цел едукација и запознавање на новите играчи со некои основни делови и работи во играта. Во текот на овој период во весникот на Министерството за образование ќе излегуваат туторијали кои е пожелно секој да ги прочита со цел побрзо осознавање на играта.
Доколку вашите прашања не бидат одговорени во туторијалите или пак сеуште имаат некои нејаснотии во играта, тогаш слободнo пишете ни порака и ќе се обидеме да ви помогнеме. Се надеваме дека ќе ви овозможиме полесен и појасен еЖивот.



Денешниот туторијал е за профил страницата и за се што се наоѓа на неа. Профил страницата е еден вид на лична карта на секој еГраѓанин. Преку неа може да дознаете се за вашиот и еЖивотот на вашите пријатели. До профил страницата се пристапува со кликнување на вашиот аватар што се наоѓа во горниот лев агол на почетната страница. Профил страницата изгледа вака:



Бидејќи профил страницата е составена од повеќе делови ние ќе почнеме да ги разгледуваме по ред:

1. Ова е името на играчот. Овде може да проверите дали е играчот е моментално логиран. Доколку Кругчето свети зелено играчот е моментално вклучен. Доколку е сиво играчот е исклучен.

2. Ова е аватарот на играчот. Со негово поставување за прв пат играчот добива искуствени поени.

3. Овде е прикажана вашата моментална локација  како и вашето државјанство. Повеќе за промената на локацијата и државјанството ќе дознаете во некој од следните туторијали на ЕЦМ.

4. Тука е прикажан датумот на кој сте се приклучиле во еРепублик(eRepublik Birthday), националниот ранк според искуствени поени (National Rank) и бројот на казнени поени (Forfeit Points). Доколку добиете многу казнени поени добивате бан од играта. Повеќе за казнените поени, нивното добивање и поднесување жалба за истите ќе дознаете во некој од следните туторијали на ЕЦМ. Овој дел од профил страницата  може да го видите само вие.

5. Овде е прикажана вашата граѓанска активност. Овде може да видите:
- Дали и каде сте вработени,
- Дали сте зачленети во некоја политичка партија и доколку сте во која, 
- Вашиот весник (доколку го имате) - креирање на весник ќе ве чини 2 злата и не е препорачлив за почетници. Креирајте весник само доколку навистина имате што да кажете.

6. Овде може да ги видите првите 8 пријатели од вашата листа со пријатели. Останатите пријатели може да ги видите со притискање на view all.

7. Ова е вашиот воен ранк кој што го зголемувате со борење во битки. Колку поголем воен ранк сте толку повеќе штета нанесувате во битките. Со секое кревање на воен ранк добивате бесплатно лечење на 100 здравје.

8. Ова е вашата сила која ја зголемувате со секојдневно тренирање. Колку повеќе сила имате толку повеќе штета нанесувате во битките. Со користење на бустери добивате повеќе сила од тренингот. За тренинзите, бустерите, нивното користење и друго ќе дознаете во туторијалите што следуваат.

9. Ова е вашата економска вештина која ја зголемувате со секојдневно работење. Многу е важно да работите со високо здравје бидејќи така побрзо ја зголемувате економската вештина. Колку поголема економска вештина имате толку поголема плата ќе добивате. Значи за ваше како и за добро на целата еМакедонија е да работите со високо здравје.

10. Ова се вашите достигнувања (Achievements). Медалите кои ги имате освоено се во боја а оние кои ги немате освоено се со сиво. Со секој добиен медал добивате по 5 златници. Секој медал може да се освои повеќе пати. За да видите што треба да направите за да освоите одреден медал дојдете со курсорот над медалот и ке ви се појави објаснување. Во некој од следните туторијали ќе има нешто повеќе за медалите и нивното добивање.

11. Овде може да пристапите до вашата земја(Land) каде што се наоѓаат вашите фирми, фирмата во која вие работите и теренот за тренирање.

12. Тука е прикажано вашето моментално здравје, вашите искуствени поени и вашиот левел во еРепублик. Здравјето може да го зголемувате со конзумирање храна или поседување на куќа. Со зголемување на искуствено ниво добивате повеќе бенефиции во играта.

13. Овде има три различни дела и тоа:
- Overview е јавниот дел, делот што го гледате во сликата погоре.
- Accounts е дел каде што може да проверите колку злато и пари од различни валути поседувате. Овој дел освен вие неможе никој друг да го види.
- Inventory е дел каде што се наоѓаат сите ваши предмети. Овде може да имате максимум до 20 предмети. Со копчето Edit Inventory може да ги променувате местата на предметите.

14. Овде е прикажан вашиот последен извик(shout). Со сините стрелки може да ги видите и предхотните извици.

15. Edit Profile е дел каде што можете да направите неколку измени:
- да напишете ваш краток опис
- да ја промените вашата слика (avatar)
- да ја смените вашата e-mail адреса.
За да направите било какви промени мора да ја внесете вашата лозинка (Password).

Погорната слика е од вашата профил страница но има дел кој се појавува доколку вие ја посетите профил страницата на друг играч :


Овој дел ви нуди повеќе можности:

- Add as friend да го додадете играчот во својата листа на пријатели
- Send message да пратите порака
- Donate да донирате некои предмети или извесна сума пари и злато
- Report Abuse Да го пријавите играчот за непочитување и кршење на правилата на еРепублик.



Се надеваме дека со помош на ова упатсво барем малку ви се разјаснија некои работи во врска со профил страницата и ви препорачуваме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование со цел да бидете во можност да ги прочитате туторијалите што следуваат. Исто така гласајте ги и шаутирајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
NightWolfMK
Февруари 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе:
 

Comments

Maked0ner
Maked0ner Day 1,181, 12:39

Глас o/

SaveAss
SaveAss Day 1,181, 12:39

Еден поздрав до Волчко чиј профил го гледаме 😉

Maced0n
Maced0n Day 1,181, 12:39

o7

Stranger 01
Stranger 01 Day 1,181, 12:41

V & S добро напишано...ќе им послужи на многу... 🙂


Give one Vote and Subscribe...
http://www.erepublik.com/en/newspaper/vo-trend--250582/1
Thanks...
poZZ..momci

ikiisikti
ikiisikti Day 1,181, 12:42

o7

H KraToS
H KraToS Day 1,181, 12:45

o7

Ministerstvo za Obrazovanie
Ministerstvo za Obrazovanie Day 1,181, 13:03

Луѓе, ова не е место за реклами!

Efesli
Efesli Day 1,181, 13:08

o7

NightWolfMK
NightWolfMK Day 1,181, 13:10

SaveAss поздрав и до тебе! o/

black mamba 007
black mamba 007 Day 1,181, 13:17

o7

Sun Warrior Day 1,181, 13:49

Comment deleted

Maya_The_Bee
Maya_The_Bee Day 1,181, 15:13

glas

TosheMK
TosheMK Day 1,181, 16:31

o7

ArhelajBlatecki
ArhelajBlatecki Day 1,182, 06:56

Glas !

KepenciMKD
KepenciMKD Day 1,182, 07:26

o/

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.