!!! ОРГАНИЗАЦИЈА НЕ ПАРТИЈА !!! [Naluteniot]

Day 1,957, 12:03 Published in North Macedonia Serbia by Naluteniot

Испровоциран од внатрешната РЛ политика на Македонија ја пишувам оваа статија. Како што знаете пред една недела имаше избори на кои политичарите од сите партии со секакви манипулации и пропаганда пробуваа да добијат гласови и политички поени од граѓаните на РМ , со секакво плукање меѓу себе и војна меѓу партиите. Се јави мала надеж кога рекоа во Кичево дека ке се обединат и дека ке остане Македонско ама и тоа излезе дека е една од манипулациите , и така Кичево го изгубивме. Заврши циркусот со изборите и партиите повторно стапија во војна . Па добро бе до кога македонците едни со други ке се јадат а терористите ке си добиваат тоа што си сакаат. До кога ке им дозволуваме . Наместо да бидеме обединети и да гледаме за доброто на Македонија ние ке се изедеме меѓу себе. Тоа е една од причините заради која се придружив на ТМОРО. За подобра Македонија. Ние не дејствуваме како партија туку како организација . Целта е Македонија да ја видиме во подобро светло, да пробаме да направиме разлика барем овде на играва . Тука сме да помогнеме а не за да и наштетиме на Македонија, да им помогнеме и на сите послаби поединци кои пробуваат да заработат нешто за да ја издржат тешката економска состојба која е во моментов на цел ерепаблик , ние не гледаме партија туку сите граѓани ги гледаме како едно исто , кој се пријавил за помош на нашите поделби добил помош. Секој кој сака да направи разлика барем на играва, да направи нешто добро за Македонија , да помогне на некого или да биде помогнат за доброто на Македонија, секој кој не го интересира политика туку само сака да ја види еМакедонија повторно во водечките еСили како што бевме порано, може да ни се придружи на овој линк
http://www.erepublik.com/en/party/t-m-o-r-o-4198/1
Секој добива шанса за конгрес медал , не сме алчни како некои други кои имаат по 7-8 медали. Не дејствуваме како партија туку работиме како организација за интересите на еМакедонија а доказ за тоа се нашите 470+ подржувачи кои ги собравме за само 20 денови и бројните дела кои ги направивме во последниве 3 недели со поделбите за послабите играчи, и многу наредни кои следуваат.
ПРИДРУЖИ НИ СЕ , ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА
http://www.erepublik.com/en/party/t-m-o-r-o-4198/1
БАРЕМ НА ИГРАВА ДА БИДЕМЕ СЛОЖНИ И ДА НЕ СЕ ДЕЛИМЕ
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
!!! СЛОБОДА ИЛИ СМРТ !!!


Финансирано од :