[MoFA Macedonia] Македонија во CoT

Day 1,809, 11:20 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija




Почитувани сограѓани/сограѓанки (Македонски Народе)

На почетокот на овој месец владееше една хаотична состојба. Недоволната ангажираност во надворешната политика доведе до тоа да бидеме напуштени од многу сојузници и пријатели и нашите односи да бидат нарушени. Таквата состојба јасно покажа дека најголемата работа овој мандат ќе мора да биде завршена од токму ова министерство.

Целта која беше поставена. беше обнова и зајакнување на односите со старите сојузници и стекнување на нови пријателства. Меѓутоа, во период кога ЦТРЛ се распадна, а CoT се воздигнува се најдовме помеѓу две страни. Од една страна старите и најдобри сојузници од додавањето на еМакедонија, Србија и Унгарија. Од друга страна Бугарија и останатите земји од CoT.

Поради тензијата настаната претходните мандати помеѓу нас и Полска, како и фактот дека се очекуваше распад на ЦТРЛ, се поизвесно е создавањето на нов сојуз помеѓу Србија, Унгарија и Полска. Сите ќе се согласите дека баш поради таа тензија и конфликтот со Полска, Македонија не може а и не смее да се врати на старите патишта и поради тоа сметаме дека на Македонија не и местото во тој сојуз, но тоа не значи нарушување на добрите односи со старите пријатели Унгарија и Србија, кои ќе бидат загарантирани со потпишување на Воен Пакт.

После подолг период на советување, координација и испитување на теренот Македонија го одбра CoT како опција за наш нов Сојуз. Причините за одлуката се опсежни и воопшто не се наивни. Воедно веќе подолго време најголема поддрршка имаме од CoT.

Со ова воедно ве информираме дека формална апликацијата во сојузот беше пуштена и изгласана со апсолутно мнозинство. Сега следува период од 30 дена, во кој ние и членките на CoT реално и практично ќе утврдиме дали ќе можеме да се адаптираме во функционирањето на сојузот. После овој период, Македонија заедно со членките на CoT, ќе одлучи дали овој потег е и понатаму на задоволството на сите инволвирани.

Индонезија влезе заедно со нас во истиот ден, си го испочитувавме договорот и заедно како пакт влегуваме во COT.

Па нека ни е честито влегувањето во CoT и заедно да изградиме една нова Македонска Империја а воедно да ја покажеме и вистинската македонската сила заедно со новите сојузници.




MoFA
BlackMK