[Hristijan Tasevski]Кандидатура за претседател, тим и програма

Day 1,988, 17:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Hristijan T.
Почитувани еМакедонци,

Во оваа статија сакам да ви ја претставам мојата кандидатура за Претседател на еМакедонија за месец Мај. Оваа игра стана дел од мене уште од првиот Baby Boom, а од тогаш поминале некои 30-тина месеци или 2 и пол години. Веќе подолго време размислував да одам на избори за претседател, но го избрав месец Мај бидејќи ќе можам да посветам најмногу време на еМакедонија доколку ја добијам вашата довербата. Во текот на мојот мојот мандат најмногу внимание ќе посветам на нормализирање на односите со ЦОТ и со сојузниците, бидејки сме сведоци како ситуацијата на надворешен план во последно време значително се влошува. Во оваа статија исто така ќе ви го претставам мојот тим и програма поединечно за секое министерство.


Кабинет на Претседател на Влада


Претседател:
Hristijan Tasevski

Премиер:
Persej Makedonski

Советници:
Cyril of Macedon, El Che G, Maked0ner, Persej Makedonski, Romb0, lazarosaMKD


Министерство за Економија


Пристап до НБРМ ќе имам само јас, средствата кои се наоѓаат внатре ќе бидат во главно распределени во две министерства и тоа во Одбрана и во Здравство. Така што ќе се потрудам во рамките на можностите на сите активни играчи да им обезбедам тенкови, а за бебињата и леб. Околу пресметките и распределбата на средствата ќе ми помага гувернерот кој има доста големо искуство.

Гувернер:
Cyril of Macedon


Министерство за Надворешни работи


Во последно време сме сведоци како се разнишале работите на надворешен план. Така се повеќе шпекулираат како Србија може да премине на друга страна, а помеѓу членките на ЦОТ има се поголемо незадоволство. Затоа јас уште во првите неколку дена од мандатот ќе се потрудам да ги средам овие проблеми и да го доведам пријателството со нашите сојузнии на едно завидливо ниво. Затоа за ова министерство избрав веќе докажан и искусен тим.

Министер:
Aliss Wonder

Заменик:
Admiral Trench


Министерство за Одбрана


Работата на ова министерство во глобала ќе остане иста, голем дел од парите ќе одат во ова министерство за поделба на тенкови. Доколку има можности и доволно средства ќе се потрудам да организирам секој ден поделби за битките во кој е инволвирана еМакедонија, а доколку нема потреба од дополнителен инфлуенс во нашите битки тогаш ќе им помагаме на сојузниците како што го правевме тоа и до сега. Во врска со ова министерство имам 2 клучни приоритети кои ќе се потрудам да ги остварам, а тоа се :
- Да ги задржиме регионите кои моментално ги поседуваме
- Да ги ослободиме нашите оригинални региони и да ги освоиме јужните

Министер:
Bringer of Death

Заменик:
Aspadora

Помошници:
1. MKD Andrej
2. binoMKD
3. Voritlas
4. cobe 92
5. MKD warrior junior


Министерство за Здравство


Според мене ова министерство е клучно за развојот на еМакедонија во иднина затоа ќе се потрудам да обезбедам што е можно повеќе средстава за поделба на леб, така што нашите е-Бебиња ќе можат побрзо да напредуваат. Начинот за поделба останува ист, секој ден секое е-Бебе ќе треба да пополни формулар за пријавување и до крајот на денот ќе добие леб.

Министер:
BojanglesBt

Заменик:
lazarosaMKD

Помошници:
1. Boko Komita
2. MKDpedza
3. MsPs MaRcusS
4. Ex Ivan Milanovski
5. KikoKuman


Министерство за Информирање


Во последно време ова министерство и нема баш нешто многу работа, но јас се надевам дека ќе успеам да го заживеам и играчите постојно да бидат во тек со работите кои се случуваат во државата. Не случајно овој министер е поставен и како заменик министер во Министерството за Одбрана, бидејќи тој ќе се грижи сите играчи да бидат информирани за приоритетот на битките и за случувањата во еМакедонија.

Министер:
Aspadora


Се надевам дека вие ќе ми дадете шанса, а јас ќе ја оправдам довербата...