Финансиска авио и ground анализа [МЗИ]

Day 3,753, 06:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Сакам да напишам една анализа во врска со епските битки, исплатливоста на куќите, пакетите. Ова сакав да го направам одамна, но поради потребата од поголема анализа после неколкудневна работа конечно успеав да ја изработам во консултација со играчите кои веќе се навлезени во механизмите на епските битки.

Со оглед на тоа дека имаме многу авијатичари кои пукаат само со Blitzkrieg pack и Power Pack целта на статијата ќе биде еден вид на едукација и предлог за играчите пред се авио, но и ground да бидат мотивирани да купат и Maverick пакет и да пукаат во епски битки бидејќи математиките кажуваат голема исплатливост. Истата анализа може да им послужи и на оние кои допрва планираат посериозно да се активираат.

За подобра прегледност ќе биде поделена на неколку делови.



Пакети и нивна цена

За да можете максимално да ги користите бенефитите на математиките кои подолу ќе ви бидат презентирани, ви се потребни пакети и тоа комбинација од трите пакети:

Blitzkrieg pack





Просечна негова цена: 210.000 денари или околу 460 голд

Maverick pack





Просечна негова цена: 210.000 денари или околу 460 голд

Power Pack





Просечна негова цена: 140.000 денари или околу 310 голд.

Вкупни трошоци за сите три пакети:

560.000 денари или околу 1.230 голд.



Куќи и нивна цена

q1 куќа ќе ви даде 50 енергија, а цената е околу 1.550 денари

q2 куќа ќе ви даде 80 енергија, а цената е околу 3.250 денари

q3 куќата ќе ви даде 100 енергија, а цената е околу 6.500 денари

q4 куќа ќе ви даде 150 енергија, а цената е околу 12.700 денари

q5 куќа ќе ви даде 200 енергија, а цената е околу 18.300 денари

Вкупни трошоци за куќите: 42.300 денари на неделно ниво или околу 90 голд, а месечно трошоците за овие куќи се околу 170.000 денари или околу 360 голд.

Имајте предвид дека горенаведените цени се просечните цени во овој момент, а нивната цена постојано варира.

Покрај енергија ќе добиете и по еден тикет за секој час од секоја куќа поединечно што значи дека во текот на еден ден од сите 5 куќи можете да добиете:

24 часа = 24 тикети х 5 куќи = 120 тикети дневно. На неделно ниво вие ќе направите 840 тикети.

Доколку работите за плата ќе ви бидат потребни 24 тикети, а земајќи во предвид фактот дека моменталната просечна плата е 350 денари значи вкупно ќе инкасирате:

840 / 24 = 35 пати да може да сработате прекувремено во текот на неделата помножено со 350 = 12.250 денари.

Покрај ова секој ден можете да работите и без тикети, бидејќи тоа ви е овозможено од играта, па така 7 дена х 350 денари = 2.450 денари кои ќе ги додадеме на сумата од погоре и ќе добиеме 12.250 + 2.450 = 14.700 денари.

Значи според математиката вие ќе бидете во загуба секоја недела: 42.300 – 14.700 = 27.600 денари или околу 60 голд неделно, додека на месечно ниво околу 110.000 денари или околу 240 голд.



Сега една пресметка што ако ги имате само q1, q2 и q3 куќите.

Вкупната цена за нив е 11.300 денари од кои можете да добиете вкупно 504 тикети неделно, значи 24 х 3 куќи = 72 тикети дневно или 504 неделно.

Со 504 тикети можете да сработите вкупно 21 пат помножено со 350 денари плата = 7.350 + 2.450 денари од работа без тикети = 9.800 денари.

Според ова вие ќе бидете во загуба само 1.500 денари или околу 3 голд што е многу поприфатливо, но ќе изгубите на energy pool и тоа 350 енергија и energy refil со кој добивате х2 енергија за надополнување од секоја куќа или х10 енергија за надополнување доколку ги користите сите куќи, а ако се одлучите за втората варијанта ќе добиете само х6.

Значи разликата ќе биде изгубени вкупно 2.450 energy pool на неделно ниво ако ги користите само куќите од q1, q2 и q3, како и фактот дека секој саат ќе губите по 4 енергија за надополнување што значи 24 часа х 4 енергија 96 енергија х 7 дена неделно 672 енергија или вкупно 3.122 енергија или преточено во ПП поени 312, но ќе заштедите на пари бидејќи со првата варијанта ќе бидете во минус 60 голд, а со втората само 3, значи разликата би била 57 голд или 26.106 денари.

Најважната работа е тоа дека, кога еднаш ќе ја активирате куќата, нема да може да ја деактивирате, па затоа внимателно одберете кој механизам ќе го користите.



Сите знаеме дека вторник е ден за епски битки и старт на новата е-недела, па поради тоа ќе направам еден замислен профил со најдобрата можна варијанта, а тоа е левел up , плус пакети БП,ПП и МП и 3 активни куќи каде што веќе погоре се објасни исплатливоста.

Вкупниот enegry pool ќе ви биде 3.730 енергија за полнење како резултат на:

2.000 енергија од БП

600 енергија од МП

200 енергија од ПП

230 енергија од куќите (q1 – 50, q2 – 80, q3 – 100)

Доколку во вторник фатите епска битка полни со темпиран левел up и full ff во тој случај вие од старт ќе имате бесплатни 11.190 енергија. Тоа значи дека само со FF и левел up вие ќе стигнете до 1.190 престиж поени што ви спасува трошење 119 барови.



Сега ќе правиме математика во поглед на тоа до колку престиж поени е исплатливо да се пука во епик т.е. колкав е повратокот на барови.



5.000 престиж поени

За да стигнете до 5.000 престиж поени ќе ви требаат 250 барови.

Математиката е следна:

250 барови – 119 барови од ff + левел up = 131 бар во минус.

До 5.000 престиж поени попатно добивате 17 барови, значи 131 – 17 = 114 барови.

Кога ќе достигнете до 5.000 прстиж поени ќе полните 60 енергија на 6 минути што значи дека во 24 часа ви ќе имате да надополнувате: 60 х 24 = 1.440 престиж поени во денот помножено со 7 дена во неделата = 10.080 + поените од епската битка значи на крајот на неделата ќе бидете на минимум 15.080 поени.

Зошто минимум? Бидејќи кога ќе стигнете до 10.000 поени ќе ви се зголеми полнењето т.е. ќе полните по 70 енергија на час, па со секој чекор ќе полните повеќе и повеќе.

Груба пресметка да речеме дека ќе стигнете до 18.000 престиж поени што значи дека вие ќе добиете: 90 барови (од 10.000 до 15.000 поени) + 90 барови (од 15.000 до 18.000 поени) = 180 + 7 барови ако секој ден завршувате ДО значи вкупно 187.

Погоре добивме бројка од 114 барови – 187 барови = 73 барови во плус.

Верувајте дека нема да бидете 73 барови во плус бидејќи во текот на неделата ќе имате два пати левел up што значи дека вие ќе бидете и во добивка од најмалку 30 барови, бидејќи 2 левел up’s помножено со 3.730 енергија = 7.460 што значи дополнителни 746 престиж поени.

Трошоци за епикот:

250 тенкови х 37 = 9.250 денари неделно или вкупно 37.000 месечно

Месечни трошоци на овој начин за леб:

Ќе биде земен лебот q2 како најкористен леб.

24 часа х 70 енергија (просек) = 16.800 енергија / 4 = 4.200 q2 леб х 0.34 = 1.428 дневно или 42.840 месечно.



10.000 престиж поени

За да стигнете до 10.000 престиж поени ќе ви требаат 500 барови.

Математиката е следна: 500 барови – 119 барови од ff + левел up = 381 чоколадо во минус.

До 10.000 престиж поени попатно добивате: 17 барови до 5.000 поени, а до 10.000 ви остануваат за собирање уште 60 барови. Значи 381 – 17 – 60 = 304 барови.

Кога ќе достигнете до 10.000 престиж поени ќе полните 70 енергија на 6 минути што значи дека во 24 часа вие ќе имате да надополнувате: 70 х 24 = 1.680 престиж поени во денот помножено со 7 дена во неделата = 11.760 поени + поените од епската битка значи на крајот на неделата ќе бидете на минимум 21.760 поени.

Зошто минимум? Бидејќи кога ќе стигнете до 15.000 поени ќе ви се зголеми полнењето т.е. ќе полните по 80 енергија на час, па со секој чекор ќе полните повеќе и повеќе.

Груба пресметка да речеме дека ќе стигнете до 24.000 престиж поени што значи дека вие ќе добиете: 90 барови (од 10.000 до 15.000 поени)+ 135 барови (од 15.000 до 20.000 поени) + 80 барови (од 20.000 до 24.000 поени)= 305 барови + 7 барови ако секој ден завршувате ДО значи вкупно 312 барови.

Погоре добивме бројка од 304 барови – 312 барови = 8 барови во плус. Верувајте дека нема да бидете 8 барови во плус бидејќи во текот на неделата ќе имате два пати левел up што значи дека вие ќе бидете и во добивка од најмалку 30 барови, бидејќи 2 левел up’s помножено со 3.730 енергија = 7.460 што значи дополнителни 746 престиж поени.

Трошоци за епикот:

500 тенкови х 37 = 18.500 денари неделно или вкупно 74.000 месечно

Месечни трошоци на овој начин за леб:

Ќе биде земен лебот q2 како најкористен леб.

24 часа х 80 енергија (просек) = 19.200 енергија / 4 = 4.800 q2 леб х 0.34 = 1.632 дневно или 48.960 месечно.



15.000 престиж поени

Сега одиме на опцијата пукање до 15.000 поени за кои ќе ви требаат 750 барови.
Математиката е следна: 750 барови – 119 = 631.

До 15.000 престиж поени попатно добивате: 17 барови до 5.000 поени, до 10.000 ви остануваат за собирање 60 барови, а до 15.000 уште 90. Значи 631 – 17 – 60 – 90 = 464.

На 15.000 ќе полните 80 енергија на 6 минути значи во 24 часа х 80 = 1.920 поени дневно х 7 дена 13.440 + 15.000 од епикот значи минимум 28.840.

Груба пресметка да речеме дека ќе стигнете до 34.000 престиж поени што значи дека вие ќе добиете: 135 (барови од 15.000 до 20.000 пп) + 280 (барови од 20.000 до 34.000) = 415 + 7 од ДО = 422.

Погоре добивме бројка од 464 – 422 = 42 барови минус. Сигурно нема да бидете 42 барови во минус поради двата левел up’s како и доста поголемото полнење.

Трошоци за епикот:

750 тенкови х 37 = 27.750 денари неделно или вкупно 110.000 месечно

Месечни трошоци на овој начин за леб:

Ќе биде земен лебот q2 како најкористен леб.

24 часа х 90 енергија (просек) = 21.600 енергија / 4 = 5.400 q2 леб х 0.34 = 1.836 дневно или 55.080 месечно.



20.000 престиж поени

Сега одиме на последната опција пукање до 20.000 поени за кои ќе ви требаат 1.000 барови.

Математиката е следна: 1.000 барови – 119 = 881.

До 20.000 поени попатно добивате: 17 барови до 5.000 поени, до 10.000 ви остануваат за собирање 60 барови, до 15.000 собирате 90, а до 20.000 уште 135. Значи 881 – 17 – 60 – 90 – 135 = 579.

На 20.000 ќе полните 90 енергија на 6 минути значи во 24 часа х 90 = 2.160 поени дневно х 7 дена 15.120 + 20.000 од епикот значи минимум 35.120
Груба пресметка да речеме дека ќе стигнете до 40.000 престиж поени што значи дека вие ќе добиете: 400 (барови од 20.000 до 40.000 пп)) = 400 + 7 од ДО = 407.

Погоре добивме бројка од 579 – 407 = 172 барови во минус. Овој минус ви е сигурен, бидејќи после 40.000 поени нема повеќе барови. Но ако одите над 40.000 поени има огромни шанси да влезете во топ 100 играчи по бројот на поени и да освоите минимум 100 голд плус медал.

Трошоци за епикот:

1.000 тенкови х 37 = 37.000 денари неделно или вкупно 148.000 месечно

Месечни трошоци на овој начин за леб:

Ќе биде земен лебот q2 како најкористен леб.

24 часа х 90 енергија (просек) = 21.600 енергија / 4 = 5.400 q2 леб х 0.34 = 1.836 дневно или 55.080 месечно.



И најважната работа со зголеменето дополнување вие ќе бидете во состојба да бркате повеќе медали, еве на пример за авио ќе можете по минимум 2 SH медали во денот, а во зависност од вашата активност ќе бркате и по 3.



Кој систем да се одбере?

Ќе креирам профил со 200.000 удар



Пукање до 5.000 поени

Приходи:

5.000 од ТП неделно 20.000 месечно

1 SH дневно 30 голд месечно 900 голд

Расходи:

Пакети 1.230 голд

Тенкови 37.000 месечно

Леб 42.840 месечно

Салдо:

Можен е минус од 500 голд кој би се покрил доколку фаќате по два Sha дневно што е многу тешко со толкаво полнење.



Пукање до 10.000 поени

Приходи:

10.000 денари од ТП месечно 40.000

2 SH дневно 60 голд или 1.800 месечно

Расходи:

Пакети 1.230 голд

Тенкови 74.000 месечно

Леб 48.960 месечно

Салдо

Остарувате профит од околу 400 голд.



Пукање до 15.000 пп

Приходи:

15.000 од ТП месечно 60.000

3 Sha дневно 90 голд или 2.400 месечно

Расходи:

Пакети 1.230

Тенкови 110.000 месечно

Леб 55.080 месечно

Салдо:

На овој начин имате профит од над 900 голд.



Пукање до 20.000 пп

Приходи:

20.000 од ТП месечно 80.000

3 Sha дневно 90 голд или 2.400 месечно

Расходи:

Пакети 1.230

Тенкови 148.000 месечно

Леб 55.080 месечно

Салдо:
На овој начин имате профит од над 800 голд



Според обемната математика од погоре најисплатливо е да се оди до 15.000 поени бидејќи трошоците што ќе ги направите не само што ќе ги вратите во целост, туку и ќе бидите во доста голем плус.



Имајте на ум дека оваа статистика е пред се за играчите со солиден ранк и кои бркаат SH медали, а исто така ситуацијата е идеална т.е. да не бидете напаѓани и да се прцате за медалот.

Исто така и играчите кои се Д4 можат да се вбројат во оваа статистика кои имаат јака сила и ранк во ground, но важат истите суми на голд кој на дневно ниво би требало да ги инкасираат и кои се реални, и во комуникација со постоечките Д4 играчи кажуваат дека тоа е остварливо, а треба да се земе предвид фактот дека играчите кои пукаат ground имаат трошоци за тенкови, кои дел се покриваат и од ТП медал, додека за авио играчите нема ТП медали. Значи и Д4 ground играчите имаат бенефит.

Играчите од Д1, Д2 и Д3 се во малце незгодна ситуација во поглед на погорните математики бидејќи кај нив нема левел up, но разликата е сепак приближно 1.500 престиж поени во корист на Д4 играчите, така да разликите не се големи.



Исто така треба да напоменам дека секој вторник околу 16.00 часот се организираат епски битки во Македонија каде играчите кои го прават епикот трошат дел од своето ФФ за да се создаде епикот, па затоа ако бидеме што повеќе играчи во правање на епик, толку помалце дел од ФФто ќе треба да се троши за создавање на епик.



Се надевам дека оваа обемна анализа ќе ви биде од корист и ќе ве мотивира да инвестирате во Maverick пакетот бидејќи вие ќе бидете во солиден плус на долг рок.

Искрено ваш

Little Beast