Претседателско обраќање[goLdeNReborn II ]

Day 5,539, 01:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро утро Македонски народе,

Најпрво да ви посакам среќни празници и среќен почеток на новата година. На играва во последно време се случија огромни промени. Како што можете да забележите, најголем процент од старите играчи, кои што беа банирани поради банална причина, се вратија на играта, а со тоа се врати и нашето влијание врз војните и доминацијата во еСветот. Направивме вистинско шоу и успеавме за неполни два месеци комплетно да ја свртиме доминацијата во наша полза. Изминатиов период имавме неколку успешни операции.



Операција Мексико и Венецуела.
Мексико и Венецуела беше првата воена база на КОД која ја нападнавме заедно со Астерија. На оваа територија беа Хрватска, Чиле и Унгарија. Додека Романија заедно со Бугарија и САД ја чистеа Венецуела, нашиот фокус беше кон Мексико. По успешниот воен удар над Хрватска, ги исчистивме и Чилеанците, за по неколку дена да превземеме целосна контрола над Мексико. Хрватите се обидоа да се вратат во Мексико преку воздушен удар, меѓутоа успеавме да ги надиграме, па нивниот воздушен удар заврши во Ајова, при што не се ни обидоа да слетаат бидејќи не успеаа да го нападнат регионот од интерес.

Операција Кина
Во кина имаше вкупно 11 земји од сојузот КОД и претставуваше вистински предизвик да се пробие оваа воена база. Иако Астерија првично се противеше на оваа операција, на наша иницијатива истата започна. Кренавме 3 востанија во кои Хрватите имаа висока детерминација и со тоа ги отстранивме од јужните и централните делови од Кина. За да ги дефокусираме КОД, на балканот влеговме во Грчките оригинални територии и започнавме војна со половина КОД. Интересно е што ги добивме сите битки, а во меѓувреме, Литванија слета во Кина врз Аргентина, а потоа се пресмета и со Грција и со Унгарија. Астерија успеа да ги дочисти останатите држави, па така за 11тина дена успеавме да ја завземеме Кина во целост.

*Повеќе детали за воената операција можете да прочитате во статијата на Астерија erepublik.com/en/article/asteria-military-report-4-operation-china-russia-2762953/1/20

Еве како изгледаше Кина пред да ја започнеме операцијата




Операција Северна и Јужна Кореја
Оваа операција сеуште трае, меѓутоа после првичната битка во која се тенкаше како утре пак да се спремаат банови, воспоставена е контрола и се очекува за брзо целосно да се освојат овие територии. Во Јужна Кореја, Србија слета над Турците и моментално се борат против Црногорците. Литванија спрема воздушен удар над Хрватите заедно со Бугарите, а уште помош треба да пристигне од Астерија во наредните денови. Затоа не трошете залихи за бркање медали туку следете наредби на државен ѕид и помагајте максимално во приоритетните битки.

Епилогот од битката против Северна Кореја







Што понатаму?
Засега делува дека КОД полека ги губат сите нивни територии. Нема да престанеме со притисокот додека не ги освоиме сите нивни колонии. Паралелно со освојувањето на нови територии отвараме и нови тренинг војни. Последниов период отворивме две нови тренинг војни во Мексико, со Колумбија и Куба, во Кина отворивме тренинг војна со Пакистан, во тек е прераспределба на региони за да можеме да отвориме и тренинг војна со Молдавија. Важно е да се напомене дека некои од овие држави имаат многу мал број на играчи, а со тоа и многу мал демиџ кој што можат да го пукаат за медали.
Поради тоа во тренинг војните каде што губиме не пукајте повеќе од 100 милиони за Медал во Дивизија 4 и 25,000 за медал во воздушна битка(Sky hero).
Во исто време ќе ве замолам да не се препукувате за медали, битки има за сите. Доколку немате време да чекате битка, испразнете енергија во битката која е означена за кампања на денот(COD) и пратете му го златото од медалот на играчот кој што сте го поминале .





Во изминатиов период беа потрошени огромен број на приватни и државни ресурси. Само во изминативе две битки против Кореја беа потрошени преку 10 милиони денари, најголем дел приватни средства. Изминатиов месец во војните се поделени околу 50000 државни тенкови.
Државните ресурси и натаму ќе се користат за зајакнување на војската и помагање на играчите коишто се вратија по банирањата, а помош ќе има и за секој кој има потреба од тенкови/куќи/храна.

Најбрз начин до помош е преку државниот канал на телеграм https://t.me/+Ve_YHW7GI7cShOoj
Телеграм е апликацијаа која го крие вашиот мобилен телефон, па не мора да се секирате за вашата приватност. На истиот канал добивате нотификации кога имаме епик, а можете и да се обратите за било кој проблем/совет кој што ве интересира.



На економски план засега остануваме тапа. Се работи на враќање на бонусите за храна во Источна Македонија, меѓутоа еСветот секојдневно се менува. Штом се стабилизира состојбата, ќе ги вратиме бонусите.



Мислам дека накратко успеав да раскажам за сите последни случувања во еДржавава, се надевам дека ја прочитавте докрај статијава и не беше досадна. Очекувам поголема активност периодов и почитување на наредбите на државниот ѕид. Наредбите се обидувам да ги обновам секојдневно, меѓутоа понекогаш обврските си го прават своето. Доколку нема наредби, кликнете на двогледот во битките и ќе видите кој добил последен. Сите битки се од типот "пинг-понг", што значи дека ако сме добиле последниот пат, сега губиме и обратно




Доколку некој има желба да се приклучи на владиниот тим нека ми прати приватна порака.


Собирајте златници и се читаме нареден пат

Поздрав,
goLdeNReborn II
о/