[G.A.Kristijan]Македонскиот Менталитет

Day 1,526, 05:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Grand Admiral Kristijan

Добар ден.Како еден од претседателите на партии во нашава мала и напатена држава би сакал да се обратам до сите вас во врска со обвинувањава што летаат на сите страни.

Би сакал да ве прашам сите вас без разлика на партиска определеност да се запрашате нешто.Дали вреди сево ова што го прават определени поединци за да дојдат на власт?Ке го цитирам Гоце Делчев:Ниту еден народ нема страдано поради своите синови колку македонскиот.Колку пати сме си копале сами на себе гроб тоа е едноставно невозможно.Би сакал да се запрашате себеси дали е тоа начинот на кој сакаме да продолжиме со градење на држава?Дали е власта за поединци толку слатка?Би сакал да апелирам до сите Македонци да престанат со ова лудило сепак станува збор за нас и тоа како сакаме да продолжиме.Изгледа дека деновите кога македонците си помагаа едни на други се завршени.За жал штом почнавме сами да се кодошиме тоа е крајот на една нација?Размислете сите дали вреди да се врегате мегу себе со најпогрдни зборови или сите да работите заедно како при првата победа над грците.Македонија е земја која беше позната по братството но поради пустата желба за власт сето тоа е сега минато.

Не би коментирал повеке.Запоменте до сите вас е дали ке продолжиме со ова будалење пред избори или ке си помагаме мегу себе.

Со почит
Grand Admiral Kristijan