ЗБОГУМ, еМАКЕДОНИЈО ! Farewell ! [ STR ]

Day 1,627, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin





Драги мои еПријатели,


Играва ја играв со мерак првите шест месеци. Годината потоа беше само навика. Зависност. Затоа, таа година и пол вкупен еЖивот мора веќе да заврши. Како и се друго на светов и веков – си личи нештата да имаат почеток и крај.


Како за крај, ми остануваат две работи : да се потсетам и да се заблагодарам.


Да се потсетам :


- Кога игравме со душа.
- Кога се собиравме на чат и имавме само 100 здравје за цел ден, па мерак ни беше да го удриме заедно 🙂
- Kога Лазароса беше тенк.
- Koга Јунајтед ме викна во првата Влада како Заменик министер за информации.
- Кога од статиите на Кирил оф Мацедон учев како се игра.
- Кога се мочав од смеење на статиите на Ванчо и едвај чекав пак да пише.
- Кога Сарма ја донесе пола Македонија тука.
- Кога Чакаларов беше опозиција (златен човек, нема веќе такви ‘опозиционери’).
- Кога Феникс и Лајон правеа статии – ремекдела.
- Кога го будев Драш на телефон у 6 сабајле (јас у Англија, тој у Италија).
- Кога вечерта пред да се кандидирам за Претседател, Ванчо ми бараше скајп за да провери да не сум Бугарин 🙂
- Кога станав Претседател и баш наредниот ден бев во Манчестер, па ме немаше онлајн првите 24 часа и за малку во старт ќе јадев импич.
- Кога Подкрепа си остана на зборот.
- Кога тргнавме кон Италија и во еден налет ја освоивме.
- Кога ЕПСКИ се боревме за првото освојување на Солун !
- Кога бевме најголемата земја по број на колонии во еСветот.
- Кога игравме сложно, се почитувавме и не знаевме што е тоа тролање.
- Кога Гокси правеше журки на еМКД 🙂



Да се заблагодарам :

- На сите кои зедоа учество во играва во тие убави времиња.
- На тимот во трите мои мандати кој ја однесе Македонија до врвот.
- На Симе и на Декстер (тогаш Аексил и Мудаш беа ‘новородени’). Се сеќавам на статиите во Бугарија за мачето од Македонија што правеше пуздер, а Претседателите на другите држави се молеа Симе да попука и за нив малку 🙂
- На сите РЛ средби и кафиња !


ЕДИТ : И да се извинам ! На моменти ми пукаше филмот и терав све по список! Темпераментен човек...


Зошто си одам ? Од објективни и од субјективни причини.


Субјективни : не сакам повеќе време да трошам тука, искрено – имам попаметни работи, играва ми здосади, се заморив од негативна енергија едноставно не вреди да се нервирам згора на нервозите кои РЛ животот секому ни ги приредува, па и мене ....


Објективни: играва не е тоа што беше – уништена е, админите ги местат битките затоа и демек цркнало АПИ-то и затоа не даваат тотал демиџ (за да не си пресметаме самит кој уствари требало да ја добие битката) ... сето тоа ми ја вреѓа интелигенцијата и не сакам некој ромуланец некаде си мисли дека ме дупи у здрав памет....


Откако се продадов, имам 72 голд и 4720 МКД, нив ќе ги разделам по луѓево кои ќе искоментираат за крај.


Кој ќе остане – посакувам добра игра. Кој не – среќа во РЛ.


Акаунтот не го давам, ќе го користам како емаил за комуникација со моите пријатели од Ерепублик.


За крај, ми останува само да се поклонам еМакедонијо!


Струмјанин,

своевремено Обединител и Водач на Големата еМакедонска нација, Освојувач на Рим, Атина, Каиро и Мека, Прв Ослободител на еСолун и Егејска Македонија, горд Армакедонец, Хаосар, ДеБеКар и Хохштаплер, и по потреба – Трол xD


MнМ ! ПнП ! о7