Трет интернационален "eRepublik meeting" 28-30 јуни Солун

Day 2,015, 13:48 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje



Како составен дел од оваа игра, претставуваат и интернациналните собиранки. Досега се оддржани две и тоа во Будимпешта и во Темишвар. Оваа година како што повеќето од вас знаат , третиот интернационален eRepublik состанок ќе се оддржи од 28-30 јуни , во Солун , соседна Грција. Они кои не се информирани можат да прочитаат тука .

Би сакал да знам дали некој од Македонија планира да оди на ова случување и доколку има заинтересирани нека ме контактираат преку порака или нека коментираат во статијава.

Знам дека некој ќе рече дека не сме добредојдени на овој состанок, дека не не сакаат, дека се однесуваат некоректно , дека не е мал бројот на оние кои не мразат, дека ни го оспоруваат патот кон ЕУ и НАТО, дека не не признаваат и да не набројувам повеќе затоа што оваа листа е предолга за овој простор.

Она што сакам да го кажам е дека на нас не ни е потребен некој друг да ни каже кои сме и што сме и од каде доаѓаме, игнорирајте ги малолетните тролови и уживајте го своето слободно време на играва која не ретко ни овозможи и вистински пријателства кои се бесценети. Ова ќе биде прилика за запознавање на луѓе кои до сега биле само име на профил и слика аватар до вас или од спротивната страна на битката.

Јас лично ќе присуствувам на овој состанок и би сакал, сите вас да ве поканам на викенд кој се надевам ќе биде вреден за паметење. Организаторите веќе имаат креирано веб страница на која можете да најдете корисни информации за транспорт , сместување итн.

Уште еднаш апелирам да не се искористи оваа статија за тролање и надмудрување , затоа што статијата има само информативен карактер и се однесува на дружење и забава.( а и повеќето од нас биле на одмор на Халкидики, на шопинг во Солун или туристички престој во Атина 😛 )




Поздрав и се гледаме во Солун 😉, барем со оние кои имаат можност и добра воља.