[EDIT:Порака во инбокс за сигурно присуство]Собиранка во Куманово !

Day 1,685, 08:25 Published in North Macedonia Serbia by I ja sam Boban

Добро утро/Добар ден еМакедонци

Свесни сме за еден куп турбулентни периоди и нервози па така седејки на чатот решив да организираме една собиранка.

Луѓе имаме доволно за организација е сега потребни се луѓе кои ке потврдат присуство.
Првичен план е да се собереме на 07.07 кај познатиот споменик на Батко Ѓорѓија во 18 часот(евентуално 19) и да се упатиме кон познатиот кумановски ресторан Баба Цана каде што има жива музика секој викенд.(Промена не ресторан е во интерес на трошковите кога би земале во обзир дека некој доаѓа со автобус поголеми трошкови ке има во првиот одколку во овој ресторан а услугата е на исто ниво)
Слика од збирното место :

[img][/img]


Слика од етно-ресторанот(кој е по многу попристапни цени од првиот)

[img][/img]

[img][/img]

За полесна организација кој е во можност да се организира со пријателите со автомобил 4-5 луѓе таман..место за паркирање ке се најде тоа време без проблем..

Кој не е во можност со автомобил еве возен ред на автобуси

Скопје - Куманово
06.00, 20.00
Секој половина час

Последниот од Куманово тргнува во 20.30

Кој доаѓа со автобус нека ми пише порака да се договориме може јас да ве пречекам на автобуската бидејки живеам во непосредна близина.

Во продолжение слики како да стигнете од автопатот до плоштадот за паркирање ке се најде место не е проблем.

По исклучувањето(точка А) вртите десно и возите право по булеварот се додека..

[img][/img]
..се додека не го минете кумановскиот пазар после тој пазар на првата раскрсница вртите лево и возите право уште некои 500 метри неможете да го подминете плоштадот(точка Б).

[img][/img]
Пак ке се повторам сите оние кои доаѓаат со автобус нека ми пишат порака да се договориме.

И ке ве замолам пријавување до четврток најдоцна петок напладне некаде кај 15 часот за сигурна бројка да имаме и да резервирам точен број на места за седење да не остане некој да стои xD

Пријавување во коментар или преку порака и ке ве замолам да извик и да ја гласате статијава бидејки ако вие неможете да дојдете можеби некој друг ке дојде !

Поздрав еНароде се гледаме во Сабота !

P.S Кој сака може да се остане до доцна па да се заседне по клубови сепак е сабота во недела нема работа 😉