Гордост / АрМакедон [Drashhh]

Day 2,099, 12:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski

Многу одамна нашата империја беше многу голема. Се што гледатe во сликата подолу беше наше. Освоивме се. Ги победивме нашите сомневање, страв, гнев... Сите тие лекции ги научивме многу добро.



Но, остана една нешто не победено. Нешто што никогаш не го освоивме. Гордоста.

Нашата гордост ја донесе нашата земја до оваа ситуација, 4 месеци окупација. А се мислевме дека сме подобри од сите други во играва.



Мислевме дека ќе ги решаме сите наши проблеми. Но, во текот на последниве 4 месеци, стагниравме, застанавме во место. Дозволивме лесно да се најдаме во сегашнава ситуација

Гордост. Најподмолното нешто. Добра е се додека не стане лоша. Тогаш е многу поопасна од сите претходни предизвици што сме ги сретнале. Полоша од сите тенкови против нас, полоша од сето тоа заедно што претходно сме го совладале.

Пазете се од гордоста! Бидете скромни, смирени! еСветот се наоѓа во тешка ситуација, нашата земја се наоѓа во тешка ситуација. Стари непријатели морат да работат заедно. Гордите нации мора да признаат дека имат потреба од помош.

Само ако работиме заедно, меѓу нас, меѓу нашите пријатели и непријатели ќе ја совладаме оваа ситуација.

Се што ни го попречува патот е гордоста.




ArMakedon известува


Раководството на АрМакедон ги повикува сите играчи што имат желба да бидат дел од нашето големо семејство да влезат во нашата единица. Покренавме иницијатива за собирање средства што ќе бидат употребени за ослободување на еМакедонија. Исто така порачува до сегашната влада да лобираат повеќе во ЦоТ и помеѓу останатите пријатели за 100% помош во следното востание. Помагавме секаде и секому, сега наш е редот. Доста беше, редно е да ја видиме еМакедонија слободна!

Фондот ќе биде исклучиво потрошен за слободна еМакедонија. Заедно во ослободување на еМакедонија. Заедно за еМакедонија.


После нас, потоп!

Гордост / АрМакедон [Drashhh] - http://tinyurl.com/ke68dqh ШАУТ!