[DarkoDimovski1] Објаснувања на проблемите

Day 1,766, 15:58 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво Македонијо,

Конечно се исполни еМакедонскиот сон, сонот за 10 ресурс. Патот беше макотрпен, долг, тежок и понекогаш суров. Но со сигурност Македонија го живее еСонот, сонот за 10 ресурс. Браво Македонци сите сте заслужни за овој голем успех.

Оваа нова статија ја пишувам заради сосема различни работи од овие 10 ресурси кои еМакедонија ги поседува. Сакам да објаснам некои работи кои верувам на повеќето не ви се јасни.

Ќе започнам со Македонско-Полскиот конфликт кој датира од пред 4 месеци.

Проблемот датира уште од времето кога Warlor беше претседател. Уште во тој месец засилено се водеа контакти помеѓу еПолска-еШпанија-еСАД и еБразил за формирање на нов сојуз, сојуз кои ќе служи исклучиво за добивање на што е можно поголем број на ресурси на сите 4 држави. Јас како МоФА уште тогаш без запознаен со тој проблем и не дискутирав премногу околу тоа. Проблемот помеѓу Македонија и Полска не се појави кога тогашниот Полски претседател не нарече фиром, туку 2 недели пред тоа.
Уште со самото формирање на новиот сојуз, Полска и Шпанија ни дадоа до знаење дека не планираат повеќе да бидат во сојуз со еМакедонија и останатите членки на ехОНЕ. Со самото формирање на тој сојуз од страна на Полска и Шпанија останатите еЗемји на ехОНЕ сојузот еСрбија, еМакедонија и еУнгарија засилено водеа дипломатски односи со еРусија за формирање на сојуз каде што овие 4 држави би биде CORE лидери, а останатите членки на ехОНЕ би биле членки и на овој сојуз засилени со уште 2-3 еДржави. Но за жал, преговорите не идеа во најдобар ред и оваа идеа пропадна со самите проблеми кои што не снајдоа во тој период. Се правеа обиди за повторно зближување помеѓу еМакедонија со еПолска и еШпанија но и тие беа неуспешни. Пријателството помеѓу овие три држави никогаш повеќе нема да биде исто по заминувањето на еПолска и еШпанија во тој нов сојуз.

Јас лично гарантирам дека Полска следниот месец немаше да го продолжи МПП поради војната Македонија-САД. Извинување од Македонска страна не требаше да има. Секој 3 конгресмен има згрешено закон едноставно такви работи се случуваат. еПолска да сакаше да остане сојузник со Македонија ќе го сватеше тоа и ќе продолжеше со обидите за обновување на Македонско-Полското пријателство. Но, еПолска бара начин да се ослободи од Македонското МПП, а притоа да не биде крива за истото.

Втора работа која би сакал да ја напоменам е следнава:

Додека еМакедонија и еСрбија функционираат перфектно, верувајте ми еПолска никогаш не би ставила НЕ на еМакедонија.
Ќе си речете што има еСрбија врска со сето ова?
Доколку еПолска и објави војна на еМакедонија значи и дека еПолска ќе ги изгуби ОНЕ пријателствата и нивните 10 ресурси. Сите знаеме дека Полска во играва се грижи единствено за нивните 10 ресурси и за ништо друго.
Зарем верувате дека би ги ставиле своите 10 ресурси на таков ризик?
Зарем верувате дека еПолска би направила таков чекор со кој би ја изгубила еСрбија?

Ако еПолска ја изгуби еМакедонија заедно со нас ја губат и еСрбија и верувајте ми дека ги изгубила засекогаш и своите 10 ресурси. Затоа не потклекнувајте на такви закани, поготово закани кој се од еПолска. Не потлекнувајте пред никого, а особено не пред еПолска.
Они секогаш биле, и ќе останат кукавици во оваа игра.

Последната работа која е направена е заеднички координационен канал со еСрбија, еИндонезија, еСловенија и еУнгарија. Но, мојата работа застана тука поради моето откажување како МоФА на еМакедонија. Повеќе не сум дел од тимот на иван.ака.петок.

Дури сега ќе ги видите вистинските пријатели на еМакедонија.

Мане направи грешка, грешка која не беше направена со никаква намера. Луѓе сме и понекогаш сите правиме грешки. Сите ние се трудиме да допринесеме што е можно повеќе за еМакедонија. Верувам дека од возбуда и Мане направи грешка. Но и Мане направи многу за еМакедонија. Сите ние направивме многу. Не дозволувајте да си ги расипете меѓусебните односи поради оваа ненамерна грешка.

Македонијо, биди горда на своите 10 ресурси.

Ајде сите заедно да се обидеме да ги одбраниме. Ајде сите заедно да го продолжиме еМакедонскиот сон.

еМакедонија пред се!


Секогаш ваш,
DarkoDimovski1


За шаут:
[DarkoDimovski1] Објаснувања на проблемите
http://tinyurl.com/c8gck3u