[Boban_M] ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ НАП

Day 3,310, 13:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добра ви вечер Македонци!

Нема држава во свет освен како нашата каде секој град си има некоја фешта. Празијада, питијада, компиројада, пиволенд, виноскоп,,, само да се слави нешто. Затоа и синоќа сите славеа 🙂

Нејсе да се вратиме на нашата работа и НАП-от со Грција, Турција и Бугарија.

Како што сите знаете и сите го иаме осетено на своја кожа, војната со јужниве се води 7 месеци без престан! Секој потег во тој затворен круг е 1 чекор напред, 2 чекори назад. Единствено што остана е празна каса и потрошени барови до даска. Замислете само една авио битка пред 2 дена не кошташе околу 3 милиони цц!!!

На почетокот на мандатот се распрашав за стратегиите на нашите сојузници. Никој немаше во план да се вклучи во нашата војна. Рака на срце луѓето помагаа колку што можеа и секоја чест за тоа, но најголемиот терет го носевме ние и Бугарија.

Не е лесно секој ден да пишуваш на каналите и да се молиш за помош. Ја држевме најголемата штета во свет во нашите и бугарските битки, а сепак мора да бараш помош секој ден.

НАПОТ е потпишан со целосна поддршка на сите инволвирани во Владата. Им благодарам на моите соработници за помошта. Топ сте, кисче 🙂

Што е предноста од овој НАП:

1. Сите региони на Македонија, оригиналните и тие во Индија се заштитени од напад од страна на земјите потписнички.
2. Ќе можеме да се здобиеме и да се снабдиме со ресурси.
3. Немаме ограничувања кого и каде можеме да нападнеме.
4. Имаме спремен АС и имаме некои нерасчистени сметки со држави што ни ги уништуваа битките од 3-6 наутро.
5. Време е и ние да им помогнеме на нашите сојузници во било кое време и место кога ќе го побараат тоа од нас.

Дедо ми беше голема боемчина и секој пат ми викаше:- Сине, прашај секого, ама не слушај никого.

Ќе прочитате многу пораки дека сме ги заебале сојузниците но тоа не е така. Секогаш ќе бидеме за нив кога и да треба, но и тие треба да разберат дека ние не сме бунар без дно и дека не можеме да му удоволиме на секого.

Порака до конгресмените, ве молам гласајте го законот со ЗА за примирје со јужниве.

Нешто традиционално што се памти:





Да сте ми живи и здрави сите !!
Бобан Митровски