Последно Претседателско обраќање [Alexander Macedon]

Day 2,389, 08:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


MUSIC FOR AURORA & FRIENDS \o/

Поздрав Македонци каде и да сте!

Помина уште еден месец, уште еден мандат. Колку беше успешен ќе покажи времето и ќе кажете Вие самите.

Имавме интересен месец, многу настани познати и непознати, работевме 24/7 за подобрување на нашата позиција. За жал немавме премногу простор за маневар но со расположливите средства кои ги имавме го постигнавме максимумот!!!

~~~ МоФА тим ~~~

DarkoDimovski1 & Severrus Snape , момци со кои работев, ги притискав постојано и игравме одлично на меѓународната сцена. Остварени се добри контакти, ги размрдавме нашите некогашни блиски пријатели и отпочнати се позитивни преговори!!!

~~~ МоД тим ~~~

Успешно се справивме со сите можни предизвици!!!
Ги повративме териториите во Австралија!!!
Го одбијавме нападот на Австралија/јужниве !!!
Помагавме макслимално на нашите сојузници и пријатели !!!
И она што е најважно! Ги ослободивме нашите оригинални региони! Прв пат после повеќе од една година победивме во директна војна !!! Битката за Повардарие покажа дека сеуште сме сериозни играчи на глобално ниво, дека знаеме со срце да се бориме за еМакедонија и дека не сме толку долу паднати колку што самите си мислиме и како што има претстава во еСветот!!!
Volk, Yo Yo, Kuthesh o7

~~~ Економија ~~~

За жал начекав празна каса и сериозен проблем како да се функционира 30 дена!
Организиравме донаторска акција која што сеуште трае и се надевам дека и понатаму ние како играчи ќе ја помагаме еМакедонија затоа што оваа игра ја играме за еМакедонија и само за еМакедонија !!!

~~~ Министерство за образование ~~~

После долго време повторно се активира ова министерство и можам да кажам дека момците кои работеа ivica08 & carot daniel се вистински ѕверови и момци кои се иднината на еМакедонија во новинарство. Се надевам дека ќе продолжат и во следни Влади да работат затоа што се опасни!!!
Пред се сакам да му се заблагодарам на мојот тим кој што изминатиот месец работеше со мене за подобра еМакедонија!!!

Исто така, Aminta , Bucephalus & Wendy , мојата најголема подршка о7



Македонци, бидете такви какви што сте. Но треба да бидеме поактивни. Изминатиот месец на чат каналите кога разговарав со наши сојузници, пријатели па и непријатели од сите нив добив еден ист заклучок - не нема на чат. Немаме наши играчи кои се активни, кои лобираат за еМакедонија, кои комуницираат со странски играчи... Тоа е она што ни фали, активност на чат каналите, придобивање на симпатиите на неутралните па и на "непријателите". Само со поголема активност на секое поле ќе ја вратиме еМакедонија на прав пат.



Бидете подготвени за големи промени во тек на летово. Сириус полека но сигурно се распаѓа што значи ќе има ново прегрупирање и нови сојузи. Аурора е стабилна и тоа беше мојата најголема цел, да не се шириме непотребно со нови членки кои би доведеле до внатрешни проблеми.
Ќе треба да се игра на глобално ниво и искрено се надевам дека нема да бидеме заспани како во времето на распад на CoTWO кога воопшто не бевме активни.
Запаметете, во оваа игра имаме само еден и единствен непријател, а тоа се нашите јужни соседи. Сите останати се можни пријатели. Без разлика дали сме на спротивна страна или сме неутрални, нема потреба да се троламе и нема потреба да создаваме зла крв. Учете од јужните, дипломатија и нетролање е најголемо и најмоќно оружје.



Уште еднаш, Ви благодарам на сите за искажаната доберба и соработката која ја имавме изминатиот месец и му посакаувам на новит еПретседател успешен мандат о7


We of Macedon for generations past have been trained in the hard school of danger and war...

Alexander Macedon