Паравеона единица-[AlcoholicS]

Day 2,540, 11:01 Published in Armenia Bulgaria by Mitko Makedonecot

На денешен ден после повеќегодишна работа во илегала,жртвувајќи го своето слободно време,углед и црн дроб, во низа на тајни обреди, обуки, специјални кампови одржани на повеќе локации (Кафана,клупа во парк,пред кооперација ...)
Пред очите на еМакедонската јавност горд сум да ја промовирам најновата,најсмртоносна и најпожртвуваната единица за бранење на интересите на нашата мајка Македонија.

[AlcoholicS]



Услови за членство

-Минимална сила во трезна состојба 20000 во пијана состојба 50 (само колку да можеш да дишеш)

-Редовно доаѓање на закажаните пијанки

-Месечно доставување на резултати од алкотест директно на генералштаб( Ова е доказ дека единицата ги брани се Македонските интереси)

-Задолжително работење на плантажите за грозје на единицата и учествување во сите акции на печење на ракија.Целокупното производтсво се дели на членовите на единицата на рамномерни делови.

-Минимална количина на испиен алкохол во последните 24 часа

* 2 литра вино(било која сорта, за пиење на домашно вино бонус при тренинг 10😵
* 1 литар жесток пијалок(било која сорта, за пиење на домашно произведена ракиа бонус при тренинг 20😵
* 1,5 литар пиво (казнени поени за намалување на процент на алкохол во крвта на членот, што понатаму ќе доведе до лош просек на единицата на MaxiHellas)



-Повик и до женскиот дел на Македонската популација, знаејќи го огромниот потенцијал кој го имаме и во овој сегмент на урбано војување.


За да ни се приклучите дојдете на #alcoholics.mkd
Јас сум Митко и јас сум [AlcoholicS]

Секој што се пронаѓа во погорниот текст слободно може да поднесе апликација.
Заедно можеме повеќе (да испиеме)