Собир на Демони во Виница [A V R]

Day 1,658, 14:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski
Здраво почитувани!

Помина подолго време, повторно, откако последен пат пишував а тоа беше по повод огнометот од страна на Демони 🙂 Последен пат кога пишав и Струмјанин сеуште играше :/ (да се надеваме дека ќе се врати повторно!)

Да не го тапацирам мн, на 3ти Јуни (Недела) Демони по којзнае кој пат се собраа повторно но овојпат во Виница, да му ја направиме и таа чест на еден од големите креатори на самата единица, Столе Лазаров и неговата десна рака Терор1

Се започна откако јас имав службен пат до Велес па со Бојан на кафе да се видиме на 15мин. така на тема падна муабет да направиме нов собир, каде да одиме овојпат? Се досетивме дека Столе не услови со "Или во неговата Виница или никаде!" По само 2 реченици накратко така и одлучивме, а разговорот заврши на "кавасакито" на Бојан попат до мојот Демон-Мобил...
Во наредниот саат заиграа мобилните и демони сложно и едногласно се согласија набрзина за датум а местото едноставно, мораше да биде Виница 😃

ПРВО ЛИЦЕ:
Саботата ден пред поаѓање имавме нели журка на Водно епа таму заглавив до сабајле и ми останаа 2 саати да поспијам, едвај, ни толку, нешто повеќе може да ви каже Мартин Ташкоски, конкретно како се враќавме надоле! Станав во 10:10 и искрен да бидам (им признав подоцна 😃 ) малце фалеше да ги саботирам! Ептен бев уморен, ама што беше ветено беше, морав да отидам за Виница кај Столета 🙂 па да видиме таму што момички има 😛 а време на поаѓање беше 10! Каснам 10 минути!

Едно запомнете! Ако со ДЕМОН сте се договориле за нешто во толку и толку, СЕКОГАШ правете го тоа 1 СААТ ПОДОЦНА, бидејќи како и секогаш, и овојпат, се поаѓаше во 10 а тргнавме во 11:10!

Така тргнавме од скопскиот генералштаб на Демонс - Everyday - најубавиот демон-пица ресторан во скопјево. Тргнавме 8 души а во Виница пристигнавме 12. Од Скопје делегацијата беше предводена од димпломатското возило Mерцедес на сопственикот на генералштабот. Во средното возило во кое се возеа екс.Претседникот и подоцна екс. Премиерот во кој никој не очекуваше при што сите обиди за атентат беа врз водечкото возило кое на моменти мораше да развива до 210км на час како би ги избегнало истите обиди за атентат и третото возило кое на моменти заостануваше и по неколку минути, чистејќи го нередот во позадина.
После Велес делегацијата се упати кон Кочани и Пробиштип каде ѓи утоварија Трој4е и идниот демон RD Goxyto.

Демоните пристигнаа во Виница и по само 30мин. дојде и полицијата, чисто за обезбедување 🙂 бидејќи демони беа сместени во кафичот "VIP".

По краткото запознавање, оние кои не се познаваат мегусебно, мал процент, и краток престој, се упатија кон прекрасната рибница Слив на 10км од Виница.

>>> Нешто повеќе за него http://tinyurl.com/crhllsg

Таму когa персоналот здогледа армада демони, се израдуваа! Толкав прилив на голд не виделе никогаш! Велат, дошле многу еЕдиници но никоја ко Демони...па за чудо не услужуваа дури 5 конобари, еден дури стоеше постојано и со лаптопот во рака беше задолжен да ги прати сите случувања на бојните полиња односно востанијата. На тоа бурно реагираше Дуле (Јас) кој сеуште нема освоено ниту еден револуционерски медал, дури ни Мудаш кој до утринските часови се потруди да му помогне, не успеа. Пред да излезе се од контрола на масата слетаа високо опремени борбени авиони од марката Скопско и се се врати во нормала!
Нешто подоцна на сцена стапија специјалитетите од рибницата Слив, прекрасно подготвените пастрмки и омилениот сос на Столе. Просто прсти да изедеш! Кој не бил, нека иде под итно! Ит из ан ордер!

Се се одвиваше одлично, се додека некој не забележа дека на местото каде се наоѓаме телефонската мрежа не допира! 5 саати заглавени без мрежа, без интернет многумина ѓи фати паника, како ли сега да ѓи изиграат профилите...но и тоа се среди откако за уши од WC беше изнесен Plato и ѓи реши сите проблеми. Тој да ти бил на мисија со цел да ја отстрани оваа слика...

...но попусто!

Кон крајот RD Goxyto пред сите даде збор дека е нов член на Демони, па наздравивме сите! 🙂 (најлево)

На собирот требаше да присуствуваат и Аминта и Ацежути но од Х причини не се појавија и двајцата добија по 1 неоправдан.

На крајот од дружбата падна и нов предлог да се собереме на картинг...а победникот да добие награда, во Скопје 🙂 па очекувајте нешто околу тоа во неделиве што следуваат!
Истотака и се одлучи седиштето за собир нареден пат да биде Охрид, безразлика кој е што е од каде е, да се оди таму. Па сите кои се од Охрид ги покануваме да дојдете, уште од сега!!! И секако, од сите останати градови кои сте во можност, ако не, конвојот ќе ве подбере!!! 😃

Како сонцето зајдушваше така полека сите станаа и се спремаа за пат до дома а некои и деловно си продолжија во друг град, па така за наназад екс.Претседателот и екс.Премиерот беа оставени на милост и немилост на можните атентатори...па екс.Претседникот реши да го превземе случајот во свои раце и почна да забрзува и да се одалечува се повеќе и повеќе...
(лево и десно)

...а пратечкото трето возило неможеше ни да биде фатено во кадар наназад на долгиот правец...

На крајот сите навремено стигнаа дома и се јавија на должност после 11 часот за заеднички удар и нанесоа голема штета, толку трици не се јаделе на чат одамна! хахахахахахха

ДО СЛЕДНИОТ СОБИР ... или статија ... што и да е...
Останете ми поздравени!
Здрави, живи, насмеани!
Никогаш да не молите за тенкови!
Храна да имате за извоз!
Да дојдете на нашиот собир еднаш да знаете што тоа значи! хахах

Фала на Вашето време!
Ваш,
ДемоН,
Душко Аврамовски!