Ден на мaкедонската револуционерна борба [dDejan]

Day 2,164, 14:04 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

На денешен ден, пред 120 години, формиран е Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Комитетот е формиран во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, заедно со Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев



Организацијата е формирана да се бори за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО е почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 (Крушевската република) и подоцна преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.



Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и на националностите кои живееле на оваа територија, за формирање независна држава. Затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност, што резултира со тоа денеска да имаме сопствена, независна држава.



Од името на Револуцинонерната Партија на еМакедонија на сите Македонци им го честитам овој значаен празник.