Апел за помош за 6 – годишното битолчанче Димитар

Day 2,664, 12:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Psycho The Great

6 – годишниот Димитар од село Трап, Битолско во несреќен случај испил солна киселина, незнаејќи што има во шишето. Тоа се случило минатата година во август, а оттогаш наваму неговото семејство поминува низ многу тежок пат бидејќи не може да јаде нормално.

Димитар внесува храна со помош на шприцеви, јаде храна која ја има само во Турција или нешто што може да му подготви неговата мајка.

Му била извршена успешна операција на 1 ноември во Истанбул, Турција каде што му била направена реконструкција на езофагусот, а операцијата ја покри Фондот за здраство.

Но последните два месеца, почнува да има проблеми, а мајка му вели дека е неопходно е да се продолжи езофагусот уште неколку сантиметри за да нема проблеми при јадењето.

-Вода не може да пие, сокче не може да пие, почнува да повраќа, вели мајката Василика Јанева.



Неговата мајка ги замолува сите добронамерни луѓе кои се во можност за да се соберат 20.000 евра за втора операција, која исто мора да биде направена во Истанбул и тоа на 21 март.

Имено Димитар е многу паметно момче кое моментално е прваче во училиштето во Трап.

Иако живеат во Трап, Василика и Димитар се преселија во Битола, затоа што таму ги нема основните услови за хигиена и чист воздух кои му се потребни на Димитар. Татко му пак остана да живее таму, каде работи и заработува за семејството.

Василика, како и секоја мајка, се бори за нејзиното дете. Вели најтешко и паѓа, кога нејзиниот син секој ден погледнува во календарот и гледа уште колку денови има до наредната операција.

Сметка за помош: 210501579335522
Тутунска банка
Слободан Јанев